• Latest

ХЕРА: Државата да ги зголеми инвестициите во превенција и квалитетна здравствена заштита на жените, децата и ранливите групи

April 7, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка

October 11, 2025

Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната

October 11, 2025
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

ХЕРА: Државата да ги зголеми инвестициите во превенција и квалитетна здравствена заштита на жените, децата и ранливите групи

April 7, 2025 10:23
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државата да инвестира во здравствена превенција и квалитетна и достапна здравствена заштита како основа за достоинствен живот, апелираат од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување заедно со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари и Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – Заедно посилни по повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето.

Овие невладини организации бараат од институциите да обезбедат достапна гинеколошка и педијатриска заштита на целата територија, да ја зајакнат патронажната служба и тимовите за предучилишна и училишна здравствена заштита, да ги вратат и унапредат здравствената едукација, поддршката за доење и кампањите за вакцинација. Бараат да се зголеми буџетот за превентивни програми, особено за мајки, деца и скрининг програми за ХИВ превенција и сексуално и репродуктивно здравје и надлежните да осигураат здравствените политики да се креираат врз основа на медицина базирана на докази и обезбедат широк консултациски процес којшто ќе ги вклучи стручната јавност, граѓанските организации и засегнатите заедници за да се одговори на потребите на граѓаните.

Поради системските недостатоци, како што наведуваат, голем дел од жените, девојките и ранливите заедници остануваат без навремена и соодветна здравствена заштита.

– Нашата земја не смее да дозволи генерации да растат без основна здравствена заштита. Инвестирањето во превенција – во гинеколошки и педијатриски прегледи, превенција и скрининзи, едукација и вакцинација е најисплатливиот и најчовечкиот чекор што може да го преземе еден здравствен систем. Според Светската здравствена организација, секој долар вложен во превенција штеди до четири долари за лекување.1 Тоа не само што спасува животи, туку гради поотпорно и поефикасно општество. Македонија мора конечно да ја препознае превенцијата како приоритет, а не како трошок. Светскиот ден на здравјето е потсетник, но акцијата мора да трае цела година – со посветеност, буџет и политичка волја, се вели во соопштението од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

Посочуваат дека буџетот за ХИВ превенција е намален за околу 70 отсто од 2021 до 2025 година или од 49 милиони на 12 милиони денари иако, како што наведуваат, земјата заостанува зад преземените глобални цели за ставање крај на епидемијата на ХИВ до 2030 година.

– Од 2019 година па наваму, државата издвојува во просек само 10 отсто од буџетот на Министерството за здравство за превентивни програми. Во 2023 година 13 отсто од жените на возраст 21–59 години биле опфатени со скрининг за рак на грлото на матката. Иако оваа бројка претставува зголемување во споредба со претходните години сепак е далеку од постигнување на потребниот опфат од 70 отсто за тригодишен период. Минимални 3,5 отсто од жените на возраст 40–69 години биле опфатени со скрининг на рак на дојката во 2023 година. Во земјата има само околу 160 матични гинеколози, при тоа во 40 општини нема ниту еден гинеколог и поради тоа голем број на девојки и жени, особено оние кои живеат во рурални средини намаат пристап до основна гинеколошка заштита, се вели во соопштението.

Спред ХЕРА, стапката на тинејџерска бременост во 2023 година изнесува 13.4 на 1000 девојки на возраст од 15-19 години, а нашата земја има една од најниските стапки на употреба на современа контрацепција во Европа, што изнесува само 14 отсто.

– Само 110 педијатри работат на примарно ниво, а стапката на вакцинација продолжува да опаѓа. Притоа, опфатот со ХПВ вакцината, која е исклучително важна за здравјето на девојките и жените, изнесува само 56 отсто. Дури 46 отсто од бремените жени во рурални средини не направиле преглед во првото тромесечје од бременоста. 53 отсто од жените Ромки имале помалку од осум прегледи за време на бременоста, иако според националните протоколи секоја жена за време на бременоста треба да има најмалку осум здравствени прегледи, стои во соопштението.

Од ХЕРА наведуваат дека дополнително Министерството за здравство ги укина едукативните активности за промоција на вакцинацијата и поддршка на патронажната служба во рамки на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата. Според ХЕРА, ова се чекори што директно го загрозуваат здравјето на мајките и децата.

Овие податоци се добиени од заедничката анализа Унапредување на превентивната здравствена заштита за ранливите групи, која вклучува наоди и препораки од мониторингот на четири здравствено-превентивни програми на Министерство за здравство, изработена од четирите здруженија, во рамки на проектот „Унапредување на здравствените права на жените, девојките и ранливите групи“ кој е финансиски поддржан од Швајцарската влада, преку програмата ЦИВИКА Мобилитас.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ