• Latest

Се преземаат активности за измени на Изборниот законик пред локалните избори во октомври

April 8, 2025

Вкупно 1.341 домашен и меѓународен набљудувач ќе ги следат локалните избори, ДИК почна да го доставува изборниот материјал

October 14, 2025

Северна Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“, прва цел градење на македонски јазичен модел

October 14, 2025

ДКСК: Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата, согласно Изборниот законик

October 14, 2025

Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК, 65 жртва на пожарот во „Пулс“, ОЈО ќе бара обдукција

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Се преземаат активности за измени на Изборниот законик пред локалните избори во октомври

April 8, 2025 16:07
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

На близу шест месеци до одржувањето на локалните избори институциите и политичките партии почнуваат да се подготвуваат за измени на Изборниот законик. Од Министерството за правда, но и од политичките партии потврдуваат дека деновиве има иницијативи за измена на Изборниот законик, без да се посочуваат што би содржеле измените.

Од Министерството за правда за МИА велат дека во однос на Изборниот законик, се преземааат активности за негова подготовка, но оти притоа сепак мора да се има предвид дека изборното законодавство бара широк консензус, и тука ќе биде потребен контруктивен пристап и поддршка од клучните политички фактори во земјата.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во изјава за МИА вели дека се формира работна група за Изборниот законик, без да посочува детали што би содржеле вакви измени, како и тоа дали е превидена временска рамка за нивно носење.

-Секогаш е актуелно прашањето за Изборниот законик. Од она што во моментов го знам е дека се формира работна група при Министерството за правда која што ќе работи на евентуалните измени коишто произлегуваат и од потребите на политичките партии и од она што значат задолжувања или потреби на ОБСЕ/ОДИХР за одредени измени а се во насока на подобрување на изборниот процес кој што ќе следи, изјави Мицевски за МИА.

Во овој момент има некои иницијални разговори за Изборниот законик, вели за МИА портпаролот и пратеник на Левица Амар Мециновиќ. Без разлика што станува збор за локални избори, според него, на Левица и е важно да се артикулира потребата за воведување на една изборна единица.

-Што ни е нам важно, мислам дека во самиот процес е најважно да се артикулира потребата за една изборна единица иако тоа не се однесува за локалните избори, но низ низа извештаи на ОБСЕ и на други меѓународни институции и на наши општествени фактори – рак раната на Изборниот законик е поставеноста на изборните едници, така што за нас ќе биде приоритет е воведување на една изборна единица во кој било случај на преговори за Изборниот законик, а од друга страна ќе ја потсетиме јавноста дека на минатите локални избори кога цензусот за учество на независни листи беше покачен, ние го блокиравме тој обид за покачување на тој цензус затоа што сметаме дека не треба да се движиме кон, би рекол, стеснување на можноста за остварување на пасивното гласачко право туку напротив тоа треба да се прошири и да се демонополизира приматот кој го имаат создадено големите партии на системот и на олигархијата во изминатите 30 години, веми Мециновиќ.

Што би требало или би можело да се менува во Изборниот законик?

Последни измени на Изборниот законик имаше пред парламентарните избори 2024 година, но не беше прифатена верзијата на работната група од Министерството за правда, предводена од Александар Новаковски, адвокат и поранешен претседател на Државната изборна комисија.

Политичките партии, но и независни кандидати почнаа со интензивни подготовки за локалните избори. Засега може да се направи само груба контура на можни кандидатури за 80-те општини и Градот Скопје и тоа само за градоначалници, додека за советничките места се уште е премногу рано. Анализите во партиите се во тек, а главната битка ќе се води за Градот Скопје и поголемите општини. Несомнено, бројот на независни кандидатури би можел да зависи и од тоа дали ќе се намали прагот за кандидирање кој со последните измени на ИЗ од илјада беше зголемен на пет илјади.

Токму поради ова по иницијатива на граѓански организации, уставните судии на крајот на февруари со мнозинство гласови одлучија да ја оценуваат уставноста на членовите 17 и 18 од Изборниот законик, кои подржани од поголемите партии минатата година беа донесени во скратена постапка и без јавна расправа. И покрај ваквата одлуката, Уставниот суд се уште на седница не го ставил оценувањето на уставноста на членовите 17 и 18 од ИЗ.

Уставниот суд утре ќе одлучува по иницијатива поднесена од група граѓани, главно претставници на независни листи од последните локални избори во Македонија. Нашите Драгана и Горјан се меѓу по

Уставниот суд, како што беше тогаш посочено, изрази сомнеж во уставноста на измените на Изборниот законик како од неговата формална, така и од материјалната страна.

-Се нагласува дека, од аспект на две темелни вредности, владеењето на правото и политичкиот плурализам, повреда на принцип на еднаквост на граѓаните како и од аспект на членовите 22 и 23 кои го уредуваат еднаквоста на избирачкото право и пристапот на граѓаните, секој има право да извршува јавна функција, изјави тогаш на прес-конференција претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.

Од она што досега се знае, доколку има разговори за измени на Изборниот законик, е дека Државната изборна комисија ќе бара исплатата на платеното политичко рекламирање да не оди преку нив бидејќи тоа не е надлежност на Комисијата.

Остануваат во измените на Изборниот законик пред локалните избори да се внесат и забелешките на ОБСЕ/ОДИХР. На прес-конференција по последните избори лани во мај, тогашниот шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, Џилјиан Стирк кажа дека иако во измените на (Изборниот законик) беа вклучени некои од претходните препораки на ОДИХР и технички предлози на ДИК, тие во голема мера не ги зедоа во предвид препораките на работната група задолжена за изборните реформи.

-За жал, Изборниот законик неодамна беше изменет во недоволно транспарентна забрзана постапка и без консултации со јавноста што не е во согласност со меѓународните стандарди и заложбите на ОБСЕ. Иако во измените беа вклучени некои од претходните препораки на ОДИХР и технички предлози на ДИК, тие во голема мера не ги зедоа во предвид препораките на работната група задолжена за изборните реформи. Голем број на клучни препораки на ОДИХР и на Венецијанската комисија при Советот на Европа останаа нерешени вклучувајќи ги и оние за системско ревидирање на Изборниот законик, за обезбедување еднаков пристап до медиумите во изборните кампањи и за зголемување на отчетноста и интегритетот на финансирањето на кампањата, истакна Стирк на прес-конференцијата на 9 мај.

Пред претседателските и парламентарните избори во 2024 година, многумина политичари и експерти сметаа дека можеби е време земјава да добие комплетно нов Изборен законик, за што треба да се постигне консензус од сите политички партии.

Кризата ги погодува и општините и поради тоа имаат намалена наплата на приходите, иако согласно последните податоци за долговите на општините се закучно со 31 март не може да се забележи неко

Според сегашниот Изборен законик, локалните избори се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Доколку тоа остане така согласно сегашниот Изборен законик, тие треба да се одржат во недела на 19 или 26 октомври.

Територијалната организација на Републиката и подрачјата на општините се утврдуваат со закон. Локалната самоуправа во земјава е организирана во 80 општини и Градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа. Во состав на Градот Скопје функционираат 10 општини, кои имаат поделени надлежности со Градот.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: измена на Изборниот закониклокалните избори
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ