• Latest
Фото: Wikimedia commons

Извештај на ЕП за Србија: ЕУ да ја преиспита финансиската помош за Белград, доколку тој продолжи да ги поддржува антидемократските идеологии

April 9, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Извештај на ЕП за Србија: ЕУ да ја преиспита финансиската помош за Белград, доколку тој продолжи да ги поддржува антидемократските идеологии

April 9, 2025 11:13
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: Wikimedia commons

Фото: Wikimedia commons

Share on FacebookShare on Twitter

Србија бележи позитивни резултати во макроекономската стабилност и фискалната дисциплина, но нема напредок во владеењето на правото и слободата на медиумите, а загриженост предизвикуваат и блиските односи со Русија, се оценува во Извештајот на Европскиот парламент за Србија.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во документот усвоен денеска од страна на Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) со 55 гласа „за“, 13 „против“ и 8 „воздржани“, европратениците ја повикуваат Србија „сериозно да ја покаже“ својата стратешка ориентација кон ЕУ, а од Унијата бараат да го преиспита обемот на финансиската помош за земјата, доколку таа продолжи да ги поддржува антидемократските идеологии и не успее да се усогласи со санкциите на ЕУ и заедничката надворешна и безбедносна политика.

– Српските власти треба да покажат силна политичка волја и доследност во спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ и недвосмислено да комуницираат со граѓаните за Унијата и за европскиот пат на Србија, се наведува во Извештајот.

Во документот се посочува дека Србија е на „добро ниво“ на подготовка во однос на макроекономската стабилност и фискалната дисциплина, но дека има „ограничен“ или „никаков“ севкупен напредок во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ во клучните области како што се владеењето на правото, слободата на медиумите, реформите во јавната администрација и усогласувањето со политиките на Унијата, особено во делот на надворешната политика.

– Блиските односи на Србија со Русија предизвикуваат загриженост за нејзината стратешка ориентација, оценуваат европратениците.

Во текстот се посочува и дека темпото на пристапните преговори на Србија зависи и од нејзината посветеност на дијалогот Белград-Приштина, кој „треба да се води со добра волја за да се обезбеди правно обврзувачки договор заснован на взаемно признавање“.

Европратениците, исто така, изразуваат загриженост за „смирувачкиот пристап“ на Комисијата кон Србија во позадина на едногодишното назадување на земјата во сферата на владеењето на правото, демократијата и основните права, како и нејзиното дестабилизирачко влијание врз целиот регион.

Нагласувајќи дека нивото на корупција во Србија е значајна пречка за нејзиниот процес за пристапување кон ЕУ, европратениците бараат целосна и транспарентна правна постапка и официјална истрага за уривањето на покривот на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година и непристрасна истрага за наводната употреба на „незаконска технологија за контрола на толпата против демонстрантите“ во на протестот во Белград.

Европратениците посочуваат и дека се длабоко загрижени за системските прашања нагласени во студентските и другите протести во Србија, како што се прашањата поврзани со граѓанските слободи, поделбата на власта, корупцијата, заштитата на животната средина и институционалната и финансиската транспарентност, изразувајќи жалење што Владата ја пропуштила можноста да ги исполни барањата на студентите, кои во голема мерка тие се во согласност со реформите што се очекува да ги спроведе земјата во текот на пристапниот процес кон ЕУ.

Според известувачот на ЕП за Србија, хрватскиот европратеник Тонино Пицула, долгата политичка криза, интензивирана поради недостигот на напредок во основните критериуми, како што се корупцијата, владеењето на правото, слободата на медиумите и изборните реформи, има директно влијание врз напредокот на државата кон членство во ЕУ.

– Тој процес е заснован на заслуги, а напредокот на Србија може да има позитивно влијание врз целиот регион, додаде Пицула, пренесе МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ