Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, рече дека не би препорачал никому да се обиде да го уапси бидејќи е заштитен од полицијата на Република Српска и добро обучени специјални сили, пренесуваат српски медиуми.
„Верувам дека не можат да ме уапсат. Според Уставот, јас сум заштитен од полицијата на Република Српска и добро обучени специјалци, кои неодамна беа наградени на голем меѓународен натпревар во Дубаи“, рече Додик.
Станува збор за специјалните сили лојални на Република Српска, кои „веруваат дека прогонот на Милорад Додик како претседател претставува прогон на Република Српска“.
„Затоа, не би препорачал никому од Сараево да проба да ме уапси. Ќе се браниме“, изјави Додик.
Додик оцени дека Западот направил нешто добро во актуелната ситуација во БиХ, а тоа е дека ја исцрта границата меѓу Србите и муслиманите.