• Latest

ДЗР: 77 проценти од вкупните приходи за платено политички рекламирање на седумте кандидати на Претседателските избори 2024 се обезбедени од Буџетот

April 17, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025

Најмалку еден загинат, а 10 се повредени во руски балистички ракетен напад врз Кијив

October 25, 2025

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

ОН и светските лидери обединети во борбата против сајбер криминалот – потпишана Ханојската конвенција

October 25, 2025

Вториот круг на локалните избори на 2 ноември – во тек пријавувањето на болни, немоќни и набљудувачи

October 25, 2025
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ДЗР: 77 проценти од вкупните приходи за платено политички рекламирање на седумте кандидати на Претседателските избори 2024 се обезбедени од Буџетот

April 17, 2025 14:20
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот буџет доминантен извор за финансисрање на изборните кампањи за Претседателските избори 2024 година. Од вкупните приходи на седумте кандидати за претседател во износ од 461.470 илјади денари, 354.257 илјади денари се обезбедни од Буџетот на државата за платено политичко рекламирање, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија.

-Учесниците во изборна кампања за претседателските избори во најголем дел обезбедија почитување на роковите за отворање и затварање на трансакциските сметки, регистрација и бришење од регистарот на правни субјекти, транспарентност за остварените приходи и расходи во изборната кампања преку доставување на предвидените извештаи за примени донации и сите имаат доставено вкупен финансиски извештај кој е предмет на ревизијата, се вели во извештајот на ДЗР.

Како и во претходни ревизии за изборни кампањи и за овој изборен процес ДЗР укажува на потребата од доуредување на Изборниот законик пред се во делот на финансирањето на изборната кампања со средства од редовната сметка на политичката партија обезбедени од Буџетот на државата, како и крајниот рок за уплата на донации; пропишување на мерливи критериуми во делот на обезбедување и распределба на средствата од Буџетот на државата, наменети за платено политичко рекламирање и дали може коалиција или политичка партија да поддржи независен кандидат/група избирачи и да ги користи доделените средства за платено политичко рекламирање за независниот кандидат/група избирачи.

Ревизорите, исто така, укажуваат и на потребата на уредување на начинот на кој донаторите ќе докажат/потврдат дека не се „поврзани лица, со радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) при финансирање или давање донации на политичките партии, како и условите и критериумите кои е потребно да ги исполнат електронските медиуми за да имаат можност да аплицираат за политичко рекламирање во Државната изборна комисија.

Ревидирани се вкупно остварените приходи по извори и вкупните расходи по намени, како и почитувањето на роковите за отворање и затворање на трансакциска сметка „за изборна кампања”, регистрација и бришење на учесникот во регистарот на правни субјекти. Оценети се транспарентноста и отчетноста преку изготвувањето и доставувањето на финансиските извештаи за остварените приходи и расходи за изборната кампања до Државниот завод за ревизија.

Во вкупно остварените приходи најголем удел од 36 проценти има Гордана Сиљановска Давкова, а втор со 35 отсто е Стево Пендаровски.

 

За платено политичко рекламирање на сите седум учесници во изборната кампања од страна на Државната изборна комисија исплатени се вкупно 354.257 илјади денари, од кои 34% за Гордана Сиљановска Давкова, 32% за Стево Пендаровски, 14% за Бујар Османи, 13% за Арбен Таравари, 3% за Стевчо Јакимовски и по 2% за Билјана Ванковска Цветковска и Максим Димитриевски.

Податоците за исплатените средства за платено политичко рекламирање по видови на медиуми покажуваат дека најголем дел од средствата, вкупно 262.150 илјади денари, се исплатени на телевизиите. Следуваат електронските медиуми и интернет порталите, на кои им се исплатени 67.309 илјади денари.

Од вкупно потрошените средства за изборна кампања во вкупен износ од 461.470 илјади денари, констатирано е дека 105.463 илјади денари се плаќања од трансакциските сметки на учесниците во изборната кампања кон правни и физички лица за добиени стоки или услуги, 354.257 илјади денари се расходи за платено политичко рекламирање, 1.123 илјади денари се расходи по основ на примени донации во ствари или услуги и 627 илјади денари се неискористени парични средства кои од трансакциските сметки на учесниците се вратени на основните сметки на политичките партии кои претходно им ги префрлиле.

Учесникот во изборната кампања за финансирање на своите изборни активности може да потроши најмногу до 110 денари по запишан избирач во изборната единица, во првиот и вториот круг на гласање. Според податоците од Државната изборна комисија, вкупниот број на избирачи за Претседателските избори 2024 година изнесува 1.814.317, што значи дека максималниот износ на средства кој можел да го потроши секој учесник во овие избори е 199.575 илјади денари.

Со извршената ревизија е утврдено дека ниту еден од учесниците нема реализирани расходи повеќе од законски утврдениот максимум. Податокот за% на реализирани расходи во однос на дозволените за секој учесник одделно е прикажан во следната табела.

Државниот завод за ревизија ги објави извештаите за учесниците во изборната кампања за претседателските избори 2024 и тоа за – Стево Пендаровски, Гордана Сиљановска Давков, Бујар Османи, Стевчо Јакимовски, Арбен Таравари, Билјана Ванковска Цветковска и Максим Димитриевски, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ