Триесетгодишен маж е обвинет за осум обвиненија за убиство од втор степен откако автомобил влетал во толпа на уличен фестивал во Ванкувер, Канада, оставајќи најмалку 11 мртви и десетици повредени, објави Би-би-си.
Каи-Џи Адам Ло, жител на градот, се појави на суд доцна во неделата и беше pратен во притвор, соопшти полициската управа на Ванкувер, додавајќи дека се очекуваат дополнителни обвиненија.
Вршителот на должноста шеф на полицијата Стив Раи го опиша нападот во саботата на фестивалот „Денот на Лапу Лапу“ – на кој присуствуваа до 100.000 луѓе – како „најмрачниот ден во историјата на градот“.
Идентитетите на жртвите сè уште не се објавени од страна на службениците, но полицијата соопшти дека возраста на убиените се движи од пет до 65 години.