• Latest

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Затворањето на албанската телевизијата „Њуз24“ испраќа загрижувачки сигнал: Само пет хеликоптери ги гаснат огромните пожари во Албанија; Експлозија во јужна Митровица

August 13, 2025
reakcii lokalni izbori

РЕАКЦИИ: Од празен џеб до празна надеж – Локалните избори под сенка на апатија

August 13, 2025
Фото: Кабинет на украинскиот претседател

Зеленски: Украинската армија нема да се повлече од Донбас, во спротивно тоа би го отворило патот за трета војна и идна руска офанзива

August 13, 2025

Администрацијата на Трамп го критикуваше Додик за дестабилизација на БиХ во нов извештај

August 13, 2025

Тече рокот за евидентирање на службените возила во Регистарот на ДКСК пред локалните избори

August 13, 2025
Илустрација: ВИ

Што е што во изборен контекст: Разликата меѓу национални и локални наративи

August 13, 2025
Фото: ЦУК

Уапсен скопјанец, фрлал камења врз хеликоптер што полнел вода за да гасне пожари

August 13, 2025
UN Special Rapporteur to the West Bank and Gaza Strip, Francesca Albanese. Via YouTube

Признавањето на палестинската држава не смее да го одвлече вниманието од запирањето на масовните смртни случаи во Газа, порача Франческа Албанезе

August 13, 2025
Фото: ЦИВИЛ

МФ: Исплатена нова транша кон Развојната банка од 11,3 милиони евра за поддршка на домашните комании

August 13, 2025

За десет години 2,5 милиони луѓе го напуштиле Западен Балкан — регионот ризикува пад од над 15 отсто од населението до 2050

August 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025 15:44
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат се на терен за да утврдат дали трговците, дистрибутерите или производителите имаат девијантно  однесување, односно дали има зголемување на цените на прехранбените производи. Доколку се утврди зголемување на цените на производите во тој случај ќе се преземат поригорозни мерки, истакна на денешната прес-конференција министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Меѓу мерките кои за кои се размислува доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи се ограничување на маржата, но, како што рече, може и да се покачи процентот на маржата.

Тој истакна дека инспекторите на крајот од тековниот месец ќе направат Извештај кој ќе го достават до Владата и министерството за економија и труд. Врз основа на него ако има како што вели дивијантно однесување на трговците и енормно зголемување на цените на производи, без финансиско оправдување од страна на трговците, дистрибутерите или производителите ќе се донесат поригорозни мерки во наредниот период.

-Од денот кога инспекторите вршеле контрола 30 дена. Значи кога вршеле контрола им пишувале опомени, од тој ден во рок од 30 дена тие имаат рок. Генерално се почитува мерката, законот се почитува. Трговците веќе ги објавија нивните производи на веб страната, вели Дурмиши.

Прашан што ќе прават доколку фирмата има осум вработени, а има поголем обрт од пропишаното со закон, Дурмиши со одговор дека ќе направат анализа и ќе видат дали можат да  усогласат одредени членови во законот, за да можат тие да работат.

Тој на денешната прес-конференција порача дека секој денар е важен и секоја промена на пазарот директно се одразува во секојдневниот живот на нашите граѓани, на лебот што го купуваме, маслото, шеќерот или хигиенските производи.

-Затоа како институција од првиот ден сме посветени на заштитата на животниот стандард на граѓаните и да обезбедиме стабилност на цените. Мерките кои беа преземени од почетокот на годината вклучително и ограничување на маржите за храна и хигиенски производи денес имаме конкретни резултати.

Министерот за економија и труд, Дурмиши вели дека официјално податоците покажуваат оти инфлацијата за април практично е нула, во споредба со март и има покачување само од 0,06 проценти.

-Во споредба со април минатата година инфлацијата е 2,6%, што значи дека не поминува 3% и е во стабилна фаза. Цените на храна се речиси непроменети речиси 0,3% годишно зголемување и морам да го потенцирам ако споредиме месец април со месец декември 2024 година имаме дефлација од 1,3%. Значи имаме намалување на инфлацијата, вели Дурмиши.

Тој потенцира дека овие податоци се факти и покажуваат оти економијата во нашата земја е стабилна и граѓаните не се соочуваат со енормно зголемување на цените на прехранбените производи. Министерот, Дурмиши најави засилени инспекциски контроли од страна на инспекторите од Државниот пазарен инспекторот во текот на месец мај.

На прашањето за цените за лековите, министерот за економија и труд Дурмиши вели дека поради тоа што им е регулирана цената, аптеките не се обврзани да ги стават на веб странците.

Фото: скриншот МИА 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фотоколаж: Скриншот од насловни стани на РТ и А1он

    ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • 24 ЧАСА: Јахта-пропаганда и предизборен спин; Мицкоски контра Меџити за УЧК; Пет новинари убиени во Газа

    85 shares
    Share 34 Tweet 21
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ