• Latest

Парламентарни избори во Албанија, Рама се надева на четврти мандат, Бериша на враќање на власт по 12 години

May 11, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Парламентарни избори во Албанија, Рама се надева на четврти мандат, Бериша на враќање на власт по 12 години

May 11, 2025 09:35
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија денеска се одржуваат 11. по ред парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим, на кои правото на глас од 7 до 19 часот треба да го искористат 3.721.116,  од нив за првпат 114.642 лица.  Бројот на гласачи на овие избори е поголем за 1.319.003 од бројот на жители, кој според пописните резултати изнесува 2.402.113.

На овие избори за првпат право да гласа има и албанската дијаспора, која се чини ќе има големо влијание врз конечните резултати. За остварување на ова право, земјата ќе потроши 10 милиони евра.  Иако надвор од земјата се најмалку 1,3 милиони албански граѓани според прифатените  апликации ова право треба да го остварат 245.935 лица. До вчера тоа право го оствариле околу 80 отсто, поточно нивните пликови со гласачкото ливче се пристигнати во Тирана, во определено место за администрирање на овој процес – Спортската палата „Фети Борова“, во близина на Олимпискиот парк. Тука се подготвуваа и оттука испраќаа ливчињата, а таму ќе се пребројуваат и гласовите, кои ќе пристигнат денеска до 19 часот, во спротивно ќе се сметаат за неважечки.

Новите 140 пратеници, колку што брои Законодавниот дом, по првпат се избираат по принцип на затворени листи, што значи сигурни мандати (92, по 46 на Социјалистичката и Демократската партија која отстапи дел од пратеничките места на помалите партии со кои е во изборна коалиција) и 48 на отворени листи, за кои во трка се 2046 кандидати на 11 политички партии и коалиции.

Во 12 изборни единици, ќе се гласа на 5.225 избирачки места, кои ќе бидат обезбедувани од полицијата. Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, која ја предводи амбасадорот Ламберто Заниер, се состои од тим од 12 експерти со седиште во Тирана. Исто така дел од мисијата, се и 26 долгорочни набљудувачи кои ќе бидат во Тирана и ќе бидат распределени низ цела Албанија, додека 300 краткорочни набљудувачи пристигнаа деновиве. Денеска ќе има побројна мисија со делегации од Парламентарното собрание на ОБСЕ, Парламентарното собрание на Советот на Европа и делегација од Европскиот парламент.

Денешните избори се првите парламентарни избори откако Албанија формално ги започна преговорите за пристап во Европската Унија во јули 2022 година.

Премиерот Еди Рама и неговата владејачка Социјалистичка партија (СП), која коалицира единствено со партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) се борат за четврт последователен мандат, додека опозицијата „Алијанса за величествена Албанија предводена од Демократската партија (ДП), на Сали Бериша, како втора најсилна политичка сила, следена од помали 25 политички партии и движења, ќе се обиде да се врати на власт.

Овие избори се сметаат за одлучувачки момент за демократскиот пат на Албанија, нејзината посветеност во борбата против корупцијата и нејзината долгогодишна аспирација за влез во ЕУ.

Социјалистичката партија ја започна својата изборна кампања на 12 април напладне, на плоштадот „Скендербег“, со многу симболика. Во центарот на бината имаше рака со пет испружени прсти и знамето на ЕУ, но со 12 ѕвезди, кои требаше да го нагласат 12-годишното владеење на СП и да испратат централна порака дека интеграцијата во ЕУ е главната политичка цел на оваа партија. Слоганот „Албанија 2030 во ЕУ едиствено со Еди Рама и СП“ дополнително ја нагласува оваа порака.

-Не случајно сме овде на 9 мај, на Денот на Европа, да го кажеме последниот збор на ова патување и потоа заедно со најголемото мнозинство Албанци да одиме пред гласачките кутии и таму меѓусебно да го потпишеме нашиот голем договор за европска Албанија, за Албанија во ЕУ. На 11 мај да гласаме за Албанија во ЕУ до 2030 година, порача Рама на петочниот завршен митинг.

Изборната опозициска коалиција, во која е и Партијата на слободата, на поранешниот шеф на државата Илир Мета, кој иако е во затворски притор, поради корупција и перење пари, кој, по негово барање е на отворената листа во ИЕ Тирана, ветува подобрување на животниот стандард на граѓаните, просечна плата од 1.200 евра, зголемување на пензиите, стопирање на миграцијата на младите.

– Гласајте на 11 мај за вашата благосостојба, бидејќи нашата програма во првите 100 дена предвидува многу поволности за сите сектори. Дојдете заедно и гласајте за промена, тоа е глас за вашиот успех. Ви давам чесен збор дека ќе ги укинеме сите актуелни закони на Еди Рама кои го ограбуваат целиот имот како во 1946 година, рече Бериша на завршниот изборен митинг во петокот.

Амбасадата на САД и мисијата на ОБСЕ, им порачаа на албанските граѓани слободно да го дадат гласот, охрабрувајќи ги да гласаат без страв“

„Не дозволувајте другите да зборуваат за вас. Вашиот глас е само ваш. Гласајте без страв“, се вели во пораката од Американската амбасада.

Во меѓувреме и амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Тирана Мишел Таран порача дека „на учеството на избори не треба да се гледа само како на право, туку како на граѓанска обврска, тесно поврзана со одговорноста што секој поединец ја има во зајакнувањето на демократијата“.

Порака до своите граѓани упати и претседателот Бајрам Бегај „достоинствено да излезат и слободно да го дадат својот глас, што е нивно демократско право“.

На претходните избори во  2021 година само четири партии освоија  пратенички места, при што Социјалистичката партија доби 74 пратеници, Демократската партија 59, Партијата на слободата четири и Социјалдемократската партија три. Каков ќе биде соодносот на силите во новиот Законодавен дом сепак ќе одлучат граѓаните, иако и едните и другите се убедени во изборна победа.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ