• Latest

Предлогот за гувернер на Народната банка денеска во Собранието

May 19, 2025

24 ЧАСА: Полициски притисок врз новинарите во Демир Хисар; Кондарко смета дека ни е потребен нов Изборен законик; Трамп нареди федерализирање на полицијата во Вашингтон; Украина гори, Газа гладува – а светот гледа настрана

August 12, 2025
Фото: Министерство за правда

Министерство за правда ќе разговара со експерти за условите за учество на независните кандидати

August 12, 2025
фото: ВИ

МФ: Во изборен период исплатите од Буџетот транспарентно ќе се објавуваат во посебна база за буџетски трошоци

August 12, 2025

Новинарите кои го следеа увидот во гимазијата во Демир Хисар беа легитимирани од полициските службеници, иако носеле новинарски легитимации

August 12, 2025

Луксузни јахти и лигњи на Заев и Филипче – рецепт на власта за дефокус од скапотијата и празната кошничка

August 12, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Независни кандидати наместо партиски

August 12, 2025
Изет Меџити, Христијан Мицкоски
Фотомонтажа / А. М.

Мицкоски – Меџити: Етничка поларизација на ниво на премиер и вицепремиер

August 12, 2025
Фото: Македонијо во срце те носиме/ Фејсбук

По трагите на една естрадна иницијатива: Кој пее зло не мисли – си тера кампања

August 12, 2025

Локални избори 2025: Клучни рокови и обврски за институциите и медиумите

August 12, 2025

И сè ова е само почеток

August 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Предлогот за гувернер на Народната банка денеска во Собранието

May 19, 2025 09:24
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на државата денеска до Собранието треба да достави предлог за нов гувернер на Народната банка, за кој, според најавите, ќе се одлучува утре на пленарна седница.

Петгодишниот мандат на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска која стапи на функцијата на 22 мај 2018 година, истекува на 21 мај.

– Има неколку кандидати и најважно е да не дојде до тоа да не биде избран кандидат, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова минатата недела, најавувајќи дека денеска ќе го достави предлог кандидат за наследник на Ангеловска-Бежовска.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно изјави дека за гувернерската позиција се во игра вонсериски искусни кандидати за кои е убеден дека ќе ја одржат макроекономската стабилност.

Еден од условите за поддршка на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ  и Владата, според Мицкоски, е стриктно бранење на фиксниот курс на денарот.

– Веќе имавме разговори со претседателката во понеделеникот на оваа тема, очекувам да ги продолжиме, до крајот на неделата ќе биде јасна позицијата. Очекувам в понеделник да биде информирано Собранието, на 20-ти ќе има седница, разговарав со претседателот на Собранието за дополнување  на дневниот ред на 20, така што рокот ќе биде испочитуван, рече Мицкоски минатата недела на новинарско прашање.

Функцијата гувернер на централната банка пред Ангеловска Бежовска ја извршуваше Димитар Богов (2011-2018), а претходно Петар Гошев (2004-2011), Љубе Трпески (1997-2004) и Борко Станоевски (1986-1997).

Овластувањата и задачите на гувернерот на НБ се уредени во  Член 48 од Законот за Народна банка. Пропишано е дека гувернерот ја претставува Народната банка, одговорен е за извршување на одлуките на Советот на Народната банката и за контролата на управувањето и работењето на Народната банка, врши други работи кои со овој закон не се утврдени во надлежност на Советот на Народната банка и Извршниот одбор.Во рамките на неговите овластувања, гувернерот може да ги преземе сите потребни или соодветни активности при управување и работење на Народната банка, вклучувајќи набавка на стоки и услуги, договорни обврски во име на Народната банка и вработување, како и избор на агенти на Народната банка.Гувернерот може да формира едно или повеќе работни, советодавни и други тела во врска со прашања од негова надлежност и ги дефинира нивните задачи и активности. Во рамките на правилата усвоени од страна на Советот на Народната банка, гувернерот може да пренесе некои од своите овластувања или задачи на други членови на Советот на Народната банка или на лицата со посебни овластувања и одговорности во Народната банка. Гувернерот редовно го известува Советот на Народната банка за работењето на Народната банка и спроведувањето на политиките, за прашањата поврзани со стабилноста на банкарскиот систем и за состојбата на пазарот на пари и девизните пазари, вклучувајќи ги сите настани и состојби што имале или се очекува да имаат значително влијание на работењето на Народната банка, на спроведувањето на нејзините политики, на финансискиот систем или на пазарот на пари и девизниот пазар.

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Фејсбук ФК Шкендија

    „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ