• Latest
Фото: Скриншот Х

Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани по протестите во Белград

June 29, 2025

24 ЧАСА: Пред избори споменици никнуваат како печурки по дожд; Ако сакаме држава на владеење на правото, мора да тргнеме од вистината, повикува Камбери; Додик без мандат; Виткоф слета во Москва

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на RFE/RL

Заедничка изјава на Меѓународната коалиција за враќање на украински деца: Ја повторуваме непоколебливата посветеност на заштитата на децата погодени од незаконската, неиспровоцирана и неоправдана целосна руска воена инвазија на Украина

August 6, 2025

Кривична пријава за Кавадарец – си го убил братот и го закопал во дворот

August 6, 2025
Фото: Скриншот МИА

Тешко болните деца ќе може да учат дома или онлајн

August 6, 2025

Пред избори, споменици никнуваат како печурки по дожд: Во Слупчане поставена спомен-плоча на загинати борци на УЧК

August 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Османи го повлече барањето за собранието до уставниот суд, за аналитичарите повлекувањето создава институционална несигурност; Новиот Кривичен законик во Албанија ги ублажува казните за корупција за високи функционери

August 6, 2025

МВР во координација со Обвинителство за утврдување говор на омраза кај навивачите на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах

August 6, 2025
Фото: Фејсбук ФК Шкендија

„Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Украински сили за специјални операции објавено на УкринформТВ

Зеленски и Сирски, една година од упадот кај Курск: Украинските сили го одржуваат присуството во рускиот Курски регион 

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани по протестите во Белград

June 29, 2025 10:43
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: Скриншот Х

Фото: Скриншот Х

Share on FacebookShare on Twitter

Десетици хулигани се приведени доцна синоќа во инцидентите што се случија во центарот на Белград, додека шест полицајци и двајца граѓани се повредени, соопшти по полноќ директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ откако беше нападната полицијата по завршување на протестот „Се гледаме на Видовден“ организиран од Студентите во блокада.

На прес-конференција, Васиљевиќ рече дека повредените се уште се во Ургентниот центар и дека полицијата реагирала откако учесниците на митингот го нападнале полицискиот кордон што ги штител луѓето во и во близина на Пионирски парк каде се поддржувачи на властите во Србија.

Студентите во блокадата објавија дека властите се одговорни за радикализацијата по протестот во Белград.
„Властите ги имаа сите механизми и целото време да ги исполнат барањата и да спречат ескалација. Наместо тоа, тие се одлучија за насилство и репресија врз граѓаните. Секоја радикализација на ситуацијата е нивна одговорност“, објавија на Х, студентите во блокада.

Околу 140.000 демонстранти се собраа во Белград со барања за распишување парламентарни избори и да го прекине собирот што се одржува неколку месеци во Пионирски парк во центарот на Белград и пред Парламентот.

Протестот беше една од најголемите акции предводени од студентите во блокада во изминатите повеќе од половина година, што  почна во ноември откако во почетокот на тој месец се урна бетонска настрешница железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица, трагедија за која ја обвинуваат обвинува вкоренетата корупција.

Независниот монитор на протести, Архива на јавни собири, ја процени бројноста на толпата на околу 140.000, значително поголема од полициската проценка од 36.000 демонстранти.

„Сакаме избори!“ скандираше толпата, носејќи српски знамиња и држејќи транспаренти со имиња на градови и места од целата држава.

Српскиот претседател Александар Вучиќ завчера изјави дека очекува инциденти на протестот „Се гледаме на Видовден“ во Белград  и дека „насилството ќе започне помеѓу 20:45 и 21:45 часот“.

Полициската интервенција против демонстрантите почна веднаш откако беше прогласен крај на протестот (околу 21.40 часот). Заврши околу половина час по полноќ, а во Пионирски парк каде се студентите кои се спротивставуваат на блокадите од 6 март, музиката престана околу еден час по полноќ. Таму се одржа „литературна вечер“ каде беа присутни и претставници од Владата и политички партии од владејачкото мнозинство.

На крајот од протестот на плоштадот Славија, студентите во блокада ја прогласија владата во Србија за нелегитимна и објавија дека во 21 часот истекол ултиматумот што го поставија до Владата на Србија – распишување вонредни парламентарни избори и прекин на собирот на поддржувачите на владата во Пионирски парк и пред Народното собрание.

Повеќе од половина година, студентите блокираат универзитети и организираа големи демонстрации низ целата земја, барајќи транспарентна истрага за смртните случаи. Досега има само приведени кои потоа беа пуштени да се бранат од слобода, но нема судска разврска за трагедијата.

Од протестот на студентите во блокада што се одржа на плоштадот Славија беше порачано – „Земете ја слободата во свои раце, ние веруваме во вас, имате зелено светло“.

„Нема да ви кажеме што да правите, не затоа што не знаеме, туку затоа што вие знаете. Народот треба да се води според својата совест. Времето е ограничено, но не и ние. Ова е граѓански, а не повеќе студентски протест, беше кажано на официјалниот крај од протестот.

„Денеска, 28 јуни 2025 година, ја прогласуваме сегашната влада за нелегитимна“, рече студент во блокада и еден од говорниците на протестот.

Владан Ѓокиќ, ректор на Универзитетот во Белград, се обрати пред присутните, и рече дека „вечерва се собравме тука за да го потврдиме единството во одбраната на основните демократски и универзитетски вредности“.

Ѓокиќ, во говорот на граѓанскиот протест нагласи дека „студентите, со својот храбар и мирен бунт, го обединија целото општество во заедничка мисија – да ги зачуваат институциите, правдата и правото на различност“.

„Затоа чувствуваме гордост, припадност и одговорност да истраеме. Промената ја иницираа студентите, храбро, непоколебливо, а универзитетот застана покрај нив, како и покрај бунтовните граѓани“

Според белградски медиуми, претпладнево (11 часот) се очекува обраќање на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ, синоќа во објава на Инстаграм од шаторот во Пионирски парк каде што седеше со „студенти кои сакаат да учат“ ја објави нивната победа.

„Еве ме тука во Пионирски парк, или како што сакаме да го наречеме, Ќациленд, со гордост, со овие прекрасни млади луѓе кои само сакаат да учат и кои сега сфаќаат дека конечно победиле“, рече Вучиќ.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, доцна синоќа објави дека студентите на протестот во Белград на плоштадот Славија повикале на граѓанска војна.

„Блокаторите не го завршија својот митинг на Видовден со зборовите – Да живее Србија. Завршија со морничав повик за убивање на Србија, монструозен и отворен повик за граѓанска војна. Памти Србијо“, напиша Брнабиќ на социјалната мрежа.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ