• Latest

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
Фото: Фејсбук

Сиљановска-Давкова за натпреварот во Куманово: Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси

August 5, 2025

Хрватска денеска ја одбележува 30-годишнината од операцијата „Бура“(Олуја) со централен настан во Книн

August 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија и Франција ќе го ратификуваат договорот за враќање на мигрантите

August 5, 2025

Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025 13:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

врокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Скопје на прес-конференцијата на лидерскиот Самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст истакна дека лидерите прв пат се состанале да говорат за импламентацијата, оти се покажани првите резултати, како и дека 75 отсто од договорените реформи за сите земји се или имплементирани или тој процес е во тек. Таа потенцира дека Планот за раст е клучен дел од она што се нарекува забрзана интеграција, каде што Комисијата планира да го интегрира регионот во единствен пазар, како и во европските политики за одбрана, безбедност и подготвеност, пред земјите од него станат членки на ЕУ.

-Ако на минатиот Самит говоревме за плановите, сега дојдовме во фаза на имплементација, овој Самит првпат се однесуваше за имплементацијата. Ги покажуваме првите резултати, 75 проценти од договорените реформи за сите земји се или имплементирани или во тек е нивно имплементирање. Една четвртина сепак не е изготвена и затоа ги поканувам лидерите да ја забрзаат оваа имплементација. Ајде сега да зборувам за конкретните резултати, коишто може да се видат. Земете ги на пример овозможување на плаќањето на многу побрз и полесен начин. Едноставно кажано значи дека младите претприемачи, на пример во Скопје или пак во Тирана може да добиват исплати од цела ЕУ, исто како деловните субјекти во Мадрид или во Виена. Ова важи за земјите од Западен Балкан, рече Кос.

Таа додаде дека се договориле за 11 приоритетни точки и нагласи дека транформацијата е нешто што претставува овој процес вклучен со Планот за раст.

-Денеска се сретнавне по речиси една година за да зборуваме на состанокот на лидерите од Западен Балкан и да се договориме кои се чекорите за сроведување на развојниот план и како истиот ќе се импелементира и како ќе се забрза пристапот кон ЕУ. На состанокот дадов јасна порака да се искористи оваа можност. Геополитиката се промени и гледаме вистинска заложба за проширување во главните градови на ЕУ. Треба да се изгради силна Европа која што ја контролира сопствената иднина. И затоа ни треба сите Европејци да работат заедно, како и земјите од Западен Балкан. Планот за раст, носи опипливи социекономски поволности за граѓаните на Северна Македонија и Западен Балкан, уште пред самото приклучување кон ЕУ. Затоа ваша одговорност е да го примените за добробит на вашите граѓани и на вашите деловни ентитети. За ова ќе ви помогне ЕУ, рече Кос.

Еврокомесарката нагласи дека на состанокот се говорело и за подобрување на врските, при што таа упати честитки за договорот со Бугарија за Коридорот 8.

-Честитки, за договорот со Бугарија да работите на Коридорот 8. Овој Коридор е важен, не само за Северна Македонија и Бугарија, туку и за целиот регион. Важен е за ЕУ, а особено е важен поради тоа што ќе учествува во новата стратегија за Црното Море, кое што само што ја усовивме на ниво на ЕК. Значи ќе ја поврземе ЕУ со централно азиските земји и Северна Македонија тука игра главна улога, рече Кос.

Таа истакна дека се разговарало и за роамингот нагласи оти лидерите имаат волја да работат во насока на промена на законите, со цел да се спроведат повеќе реформи, при што ќе се овозможи бесплатен роаминг за западнобалканските земји од 1 јануари 2026 година.

-Сфатив дека сите сме многу сакаме да се натпреваруваме и сигурна сум дека Северна Македонија ќе покаже резултати. Ова е нешто многу важно, ќе покажете дека вашите луѓе ќе можат да комуницираат преку телефон, без дополнителни трошоци. Може многу да постигнеме заедно и заедно со мојот тим и заедно со европската делегација овде во Скопје. Посветени сме на поддршка на нашите партнери и клучно е лидерите да го водат политичкиот процесот и јавно да комуницираат за нашите успеси, рече Кос.

И на прес-конференцијата се осврна на трагедијата во Кочани, нагласувајќи дека државата се уште се опоравува од пожарот.

-Сакам да им упатам сочувство до семејствата и до блиските на жртвите и на повредените. Ваквите трагедии како Кочани не потсетуваат што е најважно во животот, а тоа е семејството, пријателите, заедницата ,односно луѓето коишто помагаат, односно тоа е солидарност на дело и солидарност од ЕУ кон нашите земји-кандидатки. Многу други Европејци беа покрај вас, ви помагаа во изминативе месеци. Мило ми е што се согласивме дека кога ќе дојдам на билатералните посети наскоро во Северна Макеоднија, заедно ќе ги посетиме повредените во Кочани, истакна Кос, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ