• Latest

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025 15:03
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена. Ова го истакна денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања, по денешната прес-конференција.

Во моментов имало недостаток од два генерички лекови на клиниката, едниот бил за широка употреба за повеќе состојби на рак, а едниот за дел пациенти со рак на белите дробови.

Ги немало, не поради ненавремена набавка, туку поради тоа што ги немало кај дистрибутерите, не биле биолошки и не биле скапи, ги произведувале повеќе производители, ќе пристигнеле, а во меѓувреме на Клиниката за онкологија имало други лекови како замена, од кои едниот дури и од истиот производител, но нова генерација.

– Ниеден од скапите биолошки лекови, во моментов не недостасува, подвлече Клековски, повикувајќи медиуми и политичари, да не создаваат притисок и несигурност врз пациентите, со вести за недостаток од лекови.

Тој истакна дека во моментов и во иднина, не смее да има недостаток од лекови. Профункционирала комисијата за позитивна листа и се работело на тоа, се правеле анализи за да се види, што уште може да се додаде на оваа листа. Многу набрзо, уште во текот на летото, ќе имале одлука и за тоа.

– Тоа што ние можеме да го направиме е да го зголемиме финансирањето на Општата болница во Кочани. Јас мислам дека баш за дел од производите, тесните грла се надминати и дека набавките ќе влезат во одреден континуитет и нема да има проблеми. Во процес сме на анализа на барањата на болницата за вработувања и зголемувања на буџетот и многу набрзо тоа, исто така, ќе биде решено, одговори тој на новинарско прашање, околу реакции на пациенти повредени во пожарот во Кочани, а на рехабилитација во Пониква, дека немало доволно креми, лепенки и слично.

Во врска со двата лека што се ставени на позитивна листа, а ќе бидат достапни за пациентите за три недели, беше појаснето дека досега пациентите не плаќале за нив партиципација, при земање од Клиниката за онкологија. Но, плаќале за да дојдат до болницата, на пример од некое друго место во државата. Сега лековите ќе биле достапни во аптеките во нивните места, ќе се плаќала партиципација. Таа партиципација, во зависност од цената на лекот, немало да биде повеќе од 50 до 100 денари по пакување. Што, секако, како што беше кажано, би чинело многу помалку, отколку пациентот да плаќа превоз и да се малтретира до Скопје и назад.

СДСМ вчера алармира дека е хаос на Онкологија, пациентите со рак на бели дробови власта повторно ги остави без терапија и дека состојбата во здравството е катастрофална и нечовечна.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ, министерот за здравство и директорот на Фондот за здравство ги оставија пациентите со рак на бели дробови без терапија. Додека министрите заедно со уште по мининимум 5 до 10 луѓе од кабинетите патуваат на скапи службени патувања, пациенти со рак умираат во неизвесност, без основна хемотерапија, без лек.

На Клиниката за Онкологија нема лекови за пациентите со рак на бели дробови – ниту класична хемотерапија, ниту неопходната биолошка терапија како што е лекот erlotinib, која е недостапна на клиниката од средината на Мај. Скоро месец и половина. Ова не е бирократски пропуст. Ова е загрозување на човечки животи поради неспособност на актуелната власт и директорот на Фондот за здравство“, соопштија од СДСМ.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ