• Latest
градоначалник на општина Аеродрмо Орце Ѓоргиевски
фото/ МИА

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, е кандидат на ВМРО -ДПМНЕ за прв човек на Град Скопје

July 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, е кандидат на ВМРО -ДПМНЕ за прв човек на Град Скопје

July 6, 2025 17:01
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
градоначалник на општина Аеродрмо Орце Ѓоргиевски
фото/ МИА

градоначалник на општина Аеродрмо Орце Ѓоргиевски фото/ МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, е кандидат за прв човек на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори што ќе се одржат во октомври. На денешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ утврдени се и кандидатурите за општините Гази Баба, актуелниот Бобан Стефковски, за Карпош Сотир Лукроски, кој доаѓа од приватнот сектор, за Лозово актуелниот градоначаник  Бошко Цветкоски, за Пехчево, актуелниот градоначалник Александар Китански, за Ресен актуелниот Јован Тозиоски, за Зрновци исто така актуелниот градоначалник Борче Коцев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, истакна дека на изборите влегуваат како фаворит, а тоа, посочи, значи уште поголема одговорност да направиме повеќе, да работиме домаќински, да градиме општини и да носиме одлуки за важни прашања.

Мицкоски рече дека одлуката за Ѓорѓиевски се темели на анкетите кои покажуваат дека води убедливо дури и петпати повеќе во однос на решенијата што се споменуваат од СДСМ,  како и на резултатите како градоначалник.

– Како градоначалник на Кисела Вода со својата максимална посветеност, работливост и постојано присуство на терен покажа и докажа дека и умее и сака да работи за граѓаните. Од она што јас можам да го кажам за Оце за периодот во кој го познавам, а го познавам многу долго време,  знам дека е исклучително мотивиран најпрвин да победи, а потоа и да победува секој ден и за градот Скопје и за  скопјани, рече Мицкоски.

Тој посочи дека Ѓорѓиевски е отворен, достапен и посветен работник кој решава проблеми, нова енергија каква му е потребна на Скопје, како што истакна, после четиригодишно девастирање и замреност на градот.

Кога сме кај Градот верувајте ги научивме сите лекции за да не погрешиме сега повторно во изборот за прв човек на градот, пред се што Орце е веќе докажен во Кисела Вода и делата што ги направи говорат за него. Сега ќе има нова задача да го развива Скопје, да ја нормализира неговата работа и да го врати на скопјани. Убеден сум дека со задничка работа и со централната власт и Владата за Скопје доаѓаат добри денови, решавање на клучни проблеми з апревозт, хигиената, урбаниот хаос. ќе понудиме програма но и заедника работа и визија, наведе Мицкоски.

Народот, нагласи, сака свој човек за градоначалник, на кого може да се потпре кога му е тешко, кога има проблем и затоа при изборт на кандидатите водевме сметка тие да бидат вистинска поддршка на граѓаните, луѓе кои ќе бидат во служба на својот народ.

– Во изминатите четири годони покажавме дека градоначалниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ можат да раководат чесно, без скандали, без афери и со многу работа, оцени Мицкоски.

Според него,  на изборите настапуваат со понуда на чесни и некомпромитирани и вредни кадри затоа што токму тоа и недостигаше на државата и на општините со децении.

– Истовремено ќе излеземе пред граѓаните со јасна визија и програма за развој на општините. Во изминатиот период покажавме дека можеме да ги менуваме работите и тоа во тешки услови, по децениско занемарување и ерозија на институциите, рече Мицкоски, истакнувајќи дека овојпат гласот на граѓанинот нема да биде само избор, туку сигнал дека промените мора да се случат.

ВМРО-ДПМНЕ претходно објави кандидатури за 33 општини седници на Извршниот комитет во мај и во јуни – за Битола, Кавадарци, Охрид, Велес, Штип, Гевгелија, Аеродром, Бутел, Ѓорче Петров, Чучер-Сандево, Свети Николе, Карбинци, Градско, Зелениково, Илинден, Конче, Делчево, Ново Село, Василево, Босилово, Берово, Петровец, Вевчани, Брвеница, Јегуновце, Македонски Брод, Могила, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Росоман, Новаци и Дебарца.

За нов мандат, покрај денеска објавените се предложени актуелните градоначалници на Битола – Тони Коњановски, Кавадарци – Митко Јанчев, Охрид – Кирил Пецаков, Велес –  Марко Колев, Штип – Иван Јорданов и на Гевгелија – Андон Сарамандов. Во скопските општини покрај Бобан Стефковски во Гази Баба, со повторна кандидатура ќе настапат Дејан Митески во Аеродром, Дарко Костовски во Бутел и Александар Стојкоски во Ѓорче Петров.

Првите 25 кандидати соопштени на крајот на мај се: Зоран Бајовски во Чучер-Сандево, Дејан Владев во Свети Николе, Виктор Паунов во Карбинци, Киро Нацков во Градско, Коста Маневски во Зелениково, Александар Ѓоргиевски во Илинден, Златко Ристов во Конче, Иван Гоцевски во Делчево, Ѓорге Божинов во Ново Село, Славе Андонов во Василево, Ристо Манчев во Босилово, Петар Ружински во Берово, Борче Митевски во Петровец, Спасе Кочовски во Вевчани, Јовица Илиевски во Брвеница и Димитар Костадиновски во Јегуновце. На седницата на  ИК на ВМРО-ДПМНЕ на 13 јуни одржана во Штип, партијата определи уште осум кандидати за градоначалници: Македонски Брод – Жарко Ристески, Могила – Драганчо Саботковски, Пробиштип – Тони Тоневски, Богданци – Марјан Пеев, Демир Капија  – Наталија Димитриева, Росоман – Ѓорѓи Крстевски, Новаци – Стевче Стевановски и Дебарца – Златко Силјановски. / МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ