• Latest
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Прашањето за учеството на независните кандидати на изборите ќе мора да се реши до или по одморите

July 21, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Прашањето за учеството на независните кандидати на изборите ќе мора да се реши до или по одморите

July 21, 2025 15:18
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на новинарско прашање денеска на брифинг истакна дека прашањето за учеството на независните кандидати на претстојните локлани избори ќе мора да се реши, но ни самиот не знае како и кога би се согласиле парламентарните партии да го донесат законот.

Тој потенцира дека ова прашање ако не се реши до одморите, ќе мора по одморите кон крајот на август.

-Како што знаете, препораките на Уставниот суд беа да се донесе нов Изборен законик, кој ни е во процедура но не можеме да го поминеме, откако во март ги укина членовите со кои на независните кандидати им беа потребни зголемен број потписи за да се кандидираат на избори, но еве сега и на крајот на јули не се исполнети условите за да се донесат новите норми. Имаше согласност од големите партии, а се противеа ДУИ и Левица. Ако имаме услови до крајот на месецов би го изгласале, ако не, не знам. Ќе треба да се продолжи по старите решенија да се оди на избори. Ќе треба да најдеме решение. Ова сме го збореле на координации со координаторите на сите пратенички групи дека Изборниот законик е нешто што е приоритетно и мораме да најдеме начин да го решиме. Тоа е еден од поголемите приоритети што го имаме како Собрание и ни виси над гласа. Сакаме да го решиме. Гледаме најбрзо што можеме, дали до 31 јули, ако не, веднаш по одморите кон крајот на август да го решиме тоа, рече Гаши.

Гаши соопшти дека во првите 10 дена на август се очекува да ги распише локалните избори кои треба да се одржат во октомври.

-Не можам да ви тврдам кога ќе ги распишам изборите, затоа што се поврзани некои теми. Сакаме да решиме некои проблеми, за да не биде тоа после пречка, рече тој.

Гаши потенцира дека уште два-три закони остануваат да се донесат, кои се поврзани со Бадентер.

-Нема повеќе, два-три закони. Не ги знам точно, отприлика е Законот за локална самоуправа кој е еден од потешките за кого се бара и двојно мнозинство и голем Бадентер. Не е баш лесно. Нив (ДУИ) треба да ги прашање што е спорно во тој закон, рече тој..

За Предлог-законот за правична застапеност, кој се очекува Владата да го прати на мислење до Венецијанската комисија, Гаши нагласи дека подобро е да ги апсолвираат сите дилеми пред да почне законодавната постапка, за кога ќе го изгласаат веднаш да се применува.

-Не сме информирани и консултирани. Мислам дека Владата постапува како што таа мисли дека е во ред. Сепак, работата на Собранието почнува во моментот кога еден закон се приложува во нашата архива и во моментот кога почнува законодавната постапка. Оттогаш Собранието стапува на сила. Тој е политички дел. Владата, парламентарното мнозинство сакаат да ги разгледаат сите можности, да се направат сите можни консултации, тука мислам и на Венецијанската комисија, за кога ќе дојде во Собрание да не го враќаме назад, туку да биде финална постапка. Не значи дека ќе го прифатиме така каков што е, но со што помалку дилеми да се влезе во собраниска процедура е подобро. Мислам дека и за пратениците и за Собранието, подобро е така. Подобро да ги апсолвираме сите дилеми пред да почне законодавната постапка, за кога ќе го изгласаме да влезе во сила и да се применува, рече Гаши.

Гаши истакна дека до крајот на месецов Собранието ќе работи поинтензивно, со оглед на тоа што август, вели, ќе биде повеќе неработен.

-За разлика од тоа што август ќе биде повеќе неработен, ќе гледаме до 31 јули да работиме поинтензивно. Веќе на 31 јули закажана е седница за пратенички прашања, но можно е една или две седници да се свикаат во меѓувреме. Имам најава дека е готов Кривичниот законик и оти ќе го пратат деновиве. Но не знам што се случило. Најверојатно денеска, утре, овие денови ќе биде доставен до Собрание. Штом се достави, ќе гледаме да го ставиме веднаш на седница, рече тој.

Спикерот информира дека е објавен огласот за нов Народен правобранител на местото на досегашниот Насер Зибери на кого му престана функцијата поради исполнување на условите за старосна пензија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ