• Latest

Граѓаните на протест, Коневски се крие зад нови фасади!

April 6, 2017
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Граѓаните на протест, Коневски се крие зад нови фасади!

April 6, 2017 14:38
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Спорниот Детален урбанистички план, што минатата година беше одложен, a со кој се предвидува уништување на зелени површини кај „Мајчин дом“ и покрај реката Вардар, вчера, на вонредна седница на Општина Аеродром беше изгласан со 15 гласа „за“ и 10 гласа „против“. 

Веста за експресната вонредна седница ја објави Златко Марин, претседател на Општинската организација на СДСМ во Општина Аеродром. По објавувањето на веста, граѓаните на општината се собраа пред општинската зграда, во знак на протест против Деталниот урбанистички план. На социјалните мрежи се појави и видео-снимка  како градоначалникот Ивица Конески ја напушта општинската зграда од задниот влез, за да не се соочи со насобраните граѓани.

Наместо да се соочи со граѓаните, Коневски се огласи преку Фејсбук и порача дека донесувањето на планот е во согласнот со законот и во транспарентна процедура.

„Конструкциите и лажните вести што тие ги шират се показател за нивната деструктивна политика што ја водат во нашата Општина. Приоритет на моето работење и на работата на Општина Аеродром е подигнување нови зелени површини, изградба на нови паркови и одржување на хигиената на високо ниво. Најдобар доказ за тоа е изградбата на повеќе од десет нови паркови и садењето на повеќе од 50.000 нови садници само во последната година“, напиша Коневски на својата Фејсбук страна.

Тој денеска одржа и прес-конференција на која зборуваше за обнова на стари фасади во општината, но одби да ги коментира вчерашните случувања!

ЦИВИЛ Медиа се обиде да добие повеќе информации и изјава од Секторот за односи со јавност на Општина Аеродром, од каде само не упатија на веќе напишаната изјава на Конески на Фејсбук.

Од денеска, граѓан(к)ите на општина Аеродром ќе протестираат против ваквата одлука на Општината, сè до нејзиното повлекување.

„Ве повикуваме да ни се придружите на протестите против непланското градење на висококатници кои ќе го запрат течението на воздухот и ќе ни го уништат зеленилото. Дојдете секој ден во 18 часот, пред Општина Аеродром, да кажеме стоп на уништувањето на нашиот дом, нашиот Аердром! Заедно ќе им порачаме на Ивица Коневски и на ВМРО-ДПМНЕ дека нивниот кукавички обид, ненајавено и без дебата да го изгласаат спорниот ДУП 10, нема да им помине. Овој ДУП кој предвидува висококатници кај ‘Мајчин дом’ и покрај Вардар, ќе ги уништи тревните површини и ќе предизвика еколошка катастрофа. Овој ДУП мора да се запре. Излезете за воздух, излезете за живот!“, стои во повикот на граѓанската иницијатива „Сакаме Аеродром да дише“, која минатата година успеа да се избори овој урбанистички план да биде повлечен.

Со свој став се огласи и единствената „зелена“ партија во Македонија, ДОМ, која бара Општината Аеродром да го поништи спорниот ДУП. Од ДОМ реагираат дека доколку ваквата одлука не биде поништена, тие ќе поведат иницијатива за преиспитување на уставноста на самата постапка за носење на ДУП-от, што дава можност за изрекување привремена мерка за стопирање на неговото спроведување.

„Апсолутно е спорна постапката за носење на ДУП-от, ставена како итна точка, без никакво образложение, но исто така, и донесувањето на истиот скандалозен план, без усвојување на ниту една забелешка од жителите на населбата. Згора на сè, ДУП-от се носи во лимбо-период на локалната самоуправа, создаден поради политичката криза во земјата, кога всушност, требаше да течат активностите за локалните избори“, стои во соопштението на ДОМ.

Маја Ивановска

 

 

 

Tags: вонредна седницагласањеДОМДУПзеленилоЗлатко МаринИвица КоневскиОпштина Аеродром
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ