• Latest

СТРУШКИ ПРЕДИЗБОРНИ ОДГЛАСИ: Ќе има ли градот само еден кандидат за градоначалник?

July 26, 2025
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

СТРУШКИ ПРЕДИЗБОРНИ ОДГЛАСИ: Ќе има ли градот само еден кандидат за градоначалник?

Правото на избор е основно право на секој избирач, на било какви избори, па и на локални, секако, кои треба да се најблизу до неговите секојдневни потреби! Албанските партии излегуваат со еден кандидат кој и не чувствува потреба да одговори како ја замислува Струга. Или што не ѝ недостига по последното долго владеење на Мерко! Двете најголеми македонски партии се одрекоа од трката – немаат идеи со кои би привлекле гласачи или нејќат да ги „копираат“? Се фрлаат во Дрим, па нека ги носи било каде...

July 26, 2025 16:24
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

По откажувањето на двете најголеми македонски партии од кандидирање на свои кандидати во многу општини во Западна Македонија, најчудна е ситуацијата во Струга. Засега, како што стојат работите двете големи коалиции од албанскиот блок ќе подржат еден кандидат. Навидум тој е независен,  иако се говори дека тој бил кандидат на поранешниот градоначалник од Алијансата – Села, кој во мигот е во коалиција со ДУИ! Се чини оваа кандидатура е подготвувана како поширока стратегија која на некој начин ги надминува оние кај македонските партии, посебно кај ВМРО ДПМНЕ кои генерално не сакаат да му прават конкуренција на ВЛЕН?!

СДСМ секако ја проценува својата капацитетска (не)моќ и оди само на кандидирање на листи на советници, иако фактот дека се откажува од трката за градоначалник отвора простор во Западна Македонија да се јави некаква трета партија која ќе го пополни празниот простор и ќе си обезбеди нови, па и неочекувани симпатизери.

Случајот со Тетово каде претседателот на ВМРО Народна, Љубчо Георгиевски „истрчува на терен“ јасно покажува дека има нос да биде добар тактичар и од нулата да добие некаква математичка вредност, било каква. Дали и во случајот со Струга нема да се со Струга, нема да се појави некаков сличен претендент, да речеме од Левица? Мудри партии треба да мислат и на такви опции, ако сакаат да останат во нешто што би се нарекло политичка кондиција.

Да не должиме уште со оваа дилема над која инаку лебди едно основно прашање – треба ли да има избори со еден кандидат? Па кога еднаш на локални избори во Струга истрчаа заедно и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ беа напаѓани со дрвја и со камења, посебно тогашниот шеф на социјалдемократите, Црвенковски, за некакво – условно – антиалбанство. Добро, дали сега истите критичари ќе се јават да приговорат на оваа тактика на двете најголеми албански коалиции? Треба да говориме отворено за вакви ситуации ако сакаме да сме демократско општество. Каде правото на избор, значи на избирање меѓу различни опции е основно правило на таквите слободарски системи!

Наводно независниот кандидат за градоначалник на Струга е Менди Ќира кој ја објави јавно својата кандидатура. Вели дека ја има поддршката од бизнис заедницата, која барала јасни насоки како ќе се развива градот во иднина. Видливо е дека долгогодишното владеење на актуелниот градоначалник Мерко не дозволила овој град да биде дел од една прифатлива заедница, пред сè, таква во која би се почитувале правото и правдата.

„Како стружанец, им одговарам на овие повици и ја преземам оваа обврска со целосна убеденост. Ние сме граѓани на овој благословен град. Делуваме и живееме за Струга, а секој личен успех што сум го постигнал им го посветувам на луѓето од овој град. Го нарече градот благословен, а рече дека не излегува како кандидат „против никого“, како што јавноста ја сфаќа кандидатурата, бидејќи, на врвот на ДУИ му е тешко да му рече „не“ на својот моќен член, ама од друга страна, нивниот вечен кандидат влезе на американската црна листа и има серија обвиненија против него. Просто се смета за пример за корумпирлив функционер.

Една од поновите, доста свежи афери, која ја лиферува Фактор.мк, говори за уште една сериозна истрага силно поддржана од органи и тела на ЕУ со која повторно се стрела кон актуелниот лордмер Мерко, иако формално тој има некаква преграда пред себе. Имено, во обвинителството, Финансиската полиција, Министерството за образование и наука, но и Европската комисија, Канцеларијата за борба против измами (OLAF) во Брисел и Делегацијата на ЕУ во Скопје стигнаа наводите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, која излезе со соопштение во кое кажа дека имало индиции за сериозни пропусти и потенцијална злоупотреба на пари во врска со доделувањето средства на Меѓународниот универзитет во Струга, пишува Фактор.мк.

Која е преградата за Мерко? Овој универзитет, според официјалните документи е во сопственост на „Еуро Колеџ“ ДОО од Струга, чиј краен сопственик е Арменд Кадриу. Во сопственичката структура беше и Генц Мерко, син на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, но годинава, тој формално го препушти сопственичкиот удел на партнерот Кадриу.

„Постапувајќи согласно своите надлежности, по споделена информација со Европската комисија, изврши вонредна проверка (ECHE Check) на исполнувањето на условите за користење на статусот „Erasmus Charter for Higher Education“ (ECHE) од страна на приватна високообразовна институција – Меѓународен универзитет во Струга – поради основани сомнежи за евентуални неправилности во примената на принципите и критериумите на Еразмус+ програмата, а овозможени од внатрешно вработени лица во Агенцијата. За некои од нив, Европската Унија веќе констатирала „фамилизација“ со корисници во делот на високото образование“, стои во соопштението, да се вратиме за час на него.

Универзитетот претходно доби и лиценца дури и за медицински науки, но истата беше одземена по промената на власта.

Кога веќе говориме за враќање на претходните прашања и дилеми, одново да се запрашаме. Што ако се запрашаме – што значи тоа ако две коалиции драстично различни по своите концепции во албанскиот блок се обединат за иднината на еден град. Во изјавите на кандидатот Ќира нема ништо за тоа како тој ја замислува иднината на градот, на економски, урбан, еколошки, секако и туристички план. Како фактот дека го поддржуваат „сите“ албански партии да е единствената битна поддршка!

Колку за македонските партии, тие своите амбиции, кои исто така треба да се видат на локалните избори, како да си ги фрлиле во Дрим и чекаат тој да ги однесе во некоја Недојдија. Не се од тука, нели?


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ