• Latest

Насилството врз животните е невиден срам за Република Македонија!

April 10, 2017

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Насилството врз животните е невиден срам за Република Македонија!

April 10, 2017 15:23
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во неделата, на 9 април, во 12.30 часот се одржа мирниот собир на здруженијата за заштита на животни, најавен поради расфрлањето на отровни материи на јавни површини и труењето на животните. Под мотото „Македонија против насилство врз животните”, организаторите на собирот, како и голем број граѓани кои дојдоа со нивните миленици, бараа преземање активност од надлежните институции за запирање на масовното труење на бездомните животни, како и забрана за слободна продажба на токсични материи.

„Граѓани кои го преплавија целиот плоштад, реката луѓе која се упати до Собранието, до Владата и до канцелариите на Град Скопје, каде, небаре сме опасност, бевме пречекани од Единиците за брзо распоредување – тоа беше вчерашната слика на Скопје! Нашите барања се децидни. Бараме: масовна стерилизација, а не масовна елиминација на животните , на улица, или во стационари како скопско Вардариште; забрана на слободната продажба на отрови кои се опасност за здравјето и животот на сите; полиција за животни под итно, зашто е повеќе од очигледен фактот дека насилството врз животните е декаден срам и обележје на Република Македонија; за насилниците казна затвор! Порачуваме: никој и ништо нема да не запре, напротив, ќе бидеме уште погласни и побројни од тоа што бевме вчера. Продолжуваме!“, се вели во денешното соопштение на „Анима Мунди“.

Протестот започна на Плоштадот „Македонија“, каде се собра зачудувачки голем број загрижени граѓани и љубители на животните. Претставниците на ЦИВИЛ Медиа, заедно со реката граѓани, се движеа до пред Собранието на Република Македонија, каде активистите симболично истурија бела прашкаста материја – во знак на револт, симболизирајќи го расфрлањето на отрови.


Оттаму, граѓаните маршираа до Собранието на Град Скопје, каде беа пречекани од специјалната полициска единица, иако градското Собрание не работи во недела.
На протестот се приклучија голем број јавни личности кои несебично ја дадоа својата подршка. Учесниците на маршот беа придружувани и од градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, кој два дена пред протестот, јавно ги повика здруженијата на средба во своите канцеларии, за да дискутираат за можни решенија за ефикасно разрешување на проблемот. На состанокот присуствувал и командирот на Полициската станица – Центар, Дарко Милевски, кој потенцирал дека за вакво кривично дело нема да има толеранција од полицијата и дека сите одговорни ќе сносат санкции.

„Општина Центар нема ингеренции за конечно и целосно решавање на проблемот со труење на животните и затоа е неопходно вклучување на сите надлежни институции за да се преземат конкретни чекори за спречување на труењето на домашните миленици. Нема да дозволиме граѓаните и домашните миленици да бидат доведени во опасност. Секој кој ќе направи вакво нешто, треба да знае дека му следува казна”, изјавил Андреј Жерновски.

Денеска, претставници на здружението „Анима Мунди“ се сретнаа со Александар Митов, советник за здравство во Владата, Зоран Поповски, директор на АХВ и Цветан Трипуновски, директор на Инспекторатот за земјоделство.
Активистката Наташа Кнежевиќ во кратка изјава за ЦИВИЛ Медиа рече дека состанокот бил исклучително конструктивен и со голема важност, како и дека се најавуваат сериозни подобрувања. Таа упати благодарност кон Александар Митов, иницијаторот на средбата.

„Фрлањето отров и отровни материи на јавни површини со цел труење бездомни животни е крајно неодговорна постапка, претставува сериозна опасност по здравјето и животот на луѓето и животните, а воедно е и кривично дело“, соопшти Град Скопје.
И покрај тоа што го осуди фрлањето на отрови на јавни површини и апелираше –  доколку се забележи појава на труење животни, за пријавување во полиција (192), или во ЈП „Комунална хигиена“ (02/321 66 44) и во стационарот „Вардариште“ (02/820 13 57), сепак не се приклучи кон граѓанската иницијатива.

Ивана Талеска

Tags: „Анима Мунди“домашни миленициживотниотровПротесттруење
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ