Гласачко ливче е официјален документ кој се користи за изразување на волјата на граѓаните при избор, во пресрет на локалните избори, на градоначалници и членови на општински совети. Го издава Државната изборна комисија (ДИК) и се доставува на секој гласач впишан во Избирачкиот список.
Клучни карактеристики:
Идентификација на изборниот субјект: Ливчето ги содржи имињата на кандидатите за градоначалник и листите на кандидати за општински совет, со соодветни редни броеви и/или симболи на партиите/коалициите.
Форма и означување: Гласачот својот избор го прави со јасно означување на кандидатот или листата, обично со заокружување или друго наведено правило, во согласност со инструкциите на ливчето.
Тајност и легитимност: Пополнувањето е тајно, а неважечко е секое ливче што е неправилно означено (на пример, ако гласачот означи повеќе кандидати).
Видови: За локалните избори се користат хартиени гласачки ливчиња, дизајнирани така што секој гласач може јасно да ги идентификува кандидатите и партиските листи.
Гласачкото ливче е регулирано со Изборниот законик на РСМ, кој го дефинира и начинот на пополнување, бројот на ливчиња, условите за нивна важност и постапките при нивно броење.
Гласачкото ливче има видливи и невидливи елементи, кои служат за заштита. Има влакна во две бои – кои се видливи и две влакна кои се различни и невидливи, видливи се само со УВ ламба. Компанијата која ги печати гласачките ливчиња предложува еден елемент кој е таен и невидлив, а исто така и претседателот на Комисијата предложува еден, кој само тој го знае.
За еден гласач има по едно гласачко ливче.
На кочанот на гласачките ливчиња има нумерација, знаме, општини и избирачко место.
Како да го контактирате ЦИВИЛ?
📧 monitoring.civil@gmail.com
💬 Инбокс: facebook.com/civil.mk