Рускиот град Орјол беше нападнат во текот на ноќта на 5 ноември, според локалните жители, руските медиуми и регионалниот гувернер, пренесува Кијив Индипендент.
Жителите рекоа дека слушнале повеќе експлозии во Орјол и објавија снимки од нападот на социјалните медиуми, објави новинскиот канал Телеграм Астра. Според локалните жители, звучело како градот да бил нападнат со ракети.
Снимките објавени од жителите се снимени на приближно 1 до 1,5 километри од термоцентралата Орјол.
„Нападот е извршен со употреба на реактивно оружје – или ракета или беспилотно летало со млазен погон. Во видеата нема звуци од предупредување за воздушен напад, нема бучава од системите за воздушна одбрана и нема карактеристично зуење на дрон“, тврди аналитичарот на OSINT на Астра.
Гувернерот на областа Орјол, Андреј Кличков, тврди дека украинските дронови го таргетирале регионот и дека руските единици за воздушна одбрана ги уништиле беспилотните летала. Остатоци од пресретнатите беспилотни летала оштетиле домови и помошна зграда, рече тој.
Дронови, исто така, погодија енергетска инфраструктура во близина на градот Владимир, објави Астра.
„Специјалисти работат на лице место. Напорите за спасување ќе започнат на дневна светлина. Ве молиме останете смирени. Сите основни системи работат нормално“, рече регионалниот гувернер Александар Авдејев.
Руското Министерство за одбрана тврди дека вкупно 40 украински дронови биле соборени преку ноќ во неколку региони, вклучувајќи 11 над Воронеж, 8 над Ростов, 6 над Курск, 6 над окупираниот Крим, 5 над Брјанск, 2 над Белгород и 2 над Орјол.
Кијив Индепендент не можеше да ги потврди овие извештаи во времето на објавување.
Помалку од една недела претходно, украинската морнарица соопшти дека ја погодила термоцентралата Орјол (ТЕЦ) со крстосувачки ракети „Нептун“ од домашно производство. Соопштението на морнарицата следеше по извештаите за пожари во објектот.
Кијив редовно ги таргетира воените и индустриските објекти во Русија и на териториите на Украина окупирани од Русија.
Д. Мишев












