• Latest

Од Овче Поле до Европа: Марихуаната, политиката и заштитениот криминал

March 1, 2026

До пазарот и назад

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026
Чорнобил, 1986

За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

April 24, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

April 24, 2026
фото: СДСМ

Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

April 24, 2026

Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

April 24, 2026
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

Фашизмот и ние

April 24, 2026

Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

April 23, 2026
Фото: МИА Архива

Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

April 23, 2026
Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

April 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Петар Колев

    Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    До пазарот и назад

    Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

    Чорнобил, 1986

    За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Од Овче Поле до Европа: Марихуаната, политиката и заштитениот криминал

И за дрогата која доаѓа од Албанија и онаа од земјава, а која треба да оди кон северот од Полуостровот и понатаму, се покажува дека околината на ова мало гратче е идеална да биде собирен центар од каде што се менаџира нејзината натамошна судбина

March 1, 2026 11:59
in АНАЛИЗИ, АНТИКОРУПЦИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

На 27 јануари вечерта пристигна веста дека припадници на САЕ „Тигар“ и Одделот за организиран криминал при МВР успеаја да запленат околу 200 килограми марихуана, објавија медиумите, повикувајќи се на полициските извештаи.

Шемата на криминалната група била добро осмислена: дрогата била сокриена во автомобил со швајцарски ознаки, кој бил качен на шлеп-служба со македонски таблички за да не предизвика сомнеж. Целиот транспорт имал и возило „чистач“ кое се движело напред за да сигнализира евентуални полициски контроли. Сепак, оперативците на МВР ја следеле групата и ги пресретнале сите три возила истовремено.

Во оваа вест не се кажува дека дрогата влегла од Ќафасан и дека имало претовар во Струга. На возачот му било речено дека ќе вози до Скопје, а кога стигнал тука му предложиле за 50 евра да продолжи да вози до Свети Николе каде полицијата ги пресретнала.

Инаку, ова е значи покусата вест која има наслов дека се работи за интернационален дил, а има за цел да ја акцентира работата само на полицијата во земјава, иако е сосема јасно дека зад ова стои следење од страна на американската агенција за борба против дрогата (ДЕА) која, како и во речиси најголем број случаи, им дава точни локации на нашите органи.

Овчеполието како транзитен центар за илегална марихуана

Индикативно е дека овој настан се случи два дена пред откритието на петте тони марихуана во селото Коњух во Србија кое речиси веднаш беше посочено како дил меѓу македонските и српските криминалци  од голем калибар, при што, пред сѐ заради искуството и посветеноста на одбраната на општеството од мафијата во Белград, како и оној дел на независните медиуми кај северниот сосед се покажа со прст кон значајни политички личности од самиот врв на државата.

Како што веќе пишувавме за овој настан и на српска и на наша страна веднаш се јави инстинктот за одбрана на власта од ова зло. Екипата на Александар Вучиќ рече дека марихуаната е наш производ (македонски) оттаму и проблем а тие само ја фатиле во својот двор, додека Христијан Мицкоски се бранеше со контра прашање – а од каде знаете дека марихуаната е наша (8 февруари)! Требаше да минат три недели за да го направи „историскиот исчекор“ и премиерот да признае дека „има индиции дека дрогата е наша“, но една недела потоа „попушти“ само за милиметар и рече дека можеби некои службеници, ама на најниско ниво, да биле дел од криминалниот дил. Веќе видена тактика.

Впрочем, кога утрото по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде имаше 60 мртви тела и над 200 повредени со тешки изгореници министерот за внатрешни работи влезе во градот каде се случи една од најтешките трагедии на овој народ изјави – „ова е резултат на пропустите на сите влади до сега“. Уф, патувал кон градот на оризот и мислел, мислел како да најде оправдување, па одговорноста ја раширил на 35 години. Максимално, не можел повеќе, инаку…

Но да се вратиме на оној доста помал инцидент од петте тона марихуана, а поврзан со крајот кај тој шверц во Свети Николе. Ќе се покаже дека ова место не е познато само како центар на македонската житница (Овче Поле) и како град со приватен универзитет веројатно со повеќе студенти отколку жители (Славјанскиот), туку е веројатно собирен центар за растението кое од тука се упатува понатаму кон некои други подалечни пазари.

СОБИРЕН ЦЕНТАР Ова е местото каде што се собирале пратките на марихуана што требало да заминат на север

Имено, истрагата која – веројатно со помош на органи кои ја водат истрагата за извозот на петте тони марихуана во Србија – одново го посочува Свети Николе како значајна точка во организацијата на транспортот диригиран од невидливата рака на мафијата. Сега веќе и  со не толку затемнета слика за организациската моќ на оваа група.

Се дознава и од еден прес на министерот за здравство, дека во Свети Николе (поточно на паркингот кај црквата во селото Сарамзалино) се слевале две поворки. Едната е со перници наменети за купувач во Манчестер, а втората со марихуана спакувана во „Алфафарм“. Пратката со перници е уредно пријавена во царинска испостава од местото на производството (Прилеп).

Ова претпоставува дека ова е проверена пратка од службени лица и тие секако не откриле ништо сомнително. По проверка во тој град постои една исклучително профитабилна фирма со наменско производство на постелнини, потоа, таа е со мешан капитал (има англиски пари во неа) а превозникот имал обврска да ја мине нашата граница за одреден утврден рок, со уредни документи.

Ама превозникот, кој бил со седиште во Радовиш пријавил дефект (објективно ќе доцнел на граница) и место кон својот матичен град, каде требало да имаат раце авто-механичарите, заминал за Свети Николе, поточно на паркингот кај Сарамзалино. Превозникот имал „алиби“ за доцнењето, а таму перниците биле извлечени од товарот и ставени во друг камион. Тие најпрвин требале да се чуваат, ама потоа се запалени.

Втората колона, во повеќе возила, која тргнала кон ова светиниколско село пошла од фабриката во кругот на ОХИС – „Алфафарм“ и била натоварена со марихуана. Без полициска придружба, како што налагаат правилата, стоката за извоз биле изнесени кутии со по шест килограми во секоја од нив. Тие уредно биле ставени во камионот каде требало да има перници и имале двојна обвивка за да се спречи ширење на мирисот на марихуаната. Полициските кучиња тешко би ја намирисале.

Истрагата не открила никаква марихуана до сега од струмичкиот крај што секако беше израз на политички маркетинг за свртување на вниманието од сопствениот двор. Но дрога имало и од втората фабрика која ја имале истите овие криминалци во селото Јосифово, кое е сместено во валандовската долина („Грин лајф“). Возачот е Александар Ивановски и тој е во притвор (не во куќен).

Добро простудирана операција на извоз

Треба да се каже дека пакувањето на испораката започнало во кругот на „ОХИС“ во средината на декември 2025 година а дека македонско – српска граница возилото со декларација дека извезува перници во Англија ја минало на Стара Нова година кога традиционално, посебно на втората граница се прославува и е „под гас“, па потребата од додатна педантност не е приоритет. Кој ќе мисли сега на македонските перници кои ќе заминат за далечната Британија. И онака пратката треба да мине нови граници и прегледи и тоа во земји со традиционална католичка вера, каде што празниците одамна поминале.

Цел месец претходно, припадници на оваа криминална група ја минувале патеката по која ќе замине стоката декларирана како мека постелнина за да се уверат каква е состојбата по која вредната стока ќе минува. Се верува дека таква придружба одела пред и зад камионот со марихуаната во таа „пијана ноќ“.

Како што се слушна во емисијата „Код“, по истоварувањето на стоката во селото Коњух крај Крушевац камионот со приколка морал да продолжи ама дошло до необјаснет пожар во близина на Нови Сад, ноќта на 15 јануари. Интервенирала противпожарна екипа од Инџија, а приколката, вредна 100 илјади евра изгорела. Доказите за превозот почнале да се уништуваат. Така е прекинато патешествието кое организационо веќе завршило во магацин на локални функционери на СНС во селото Коњух.

Јасно е зошто српската полиција се посомневала во камионот малку пост фестум. Но дојави секако имало а доказ за големиот товар е тој што членот на организираната група Урош Младеновски е фатен претходно, како пробна „штафета“, со сто килограми марихуана во Белград и демонтажата за тоа што се случува тргнала.

Средбата на оние кои ја водат истрагата од наша и српска страна имало два пати во текот на февруари. Една во текот на првата недела а втората во после средината на месецот. Утврдени се принципите на соработката која за читателите и не е битна.

Што би покажала аналитичката проценка од досегашните чекори на двете истраги.

Засега во притвор сопственик на фирма, шофер, магационери и курири

На српска страна има приличен број уапсени лица и тоа од само малку повисокиот слој на организацијата (магационери и курири) а кај нас тие се превозниците а немаме целосни сознанија за производителите, кои главно се со српско државјанство. Големи „ѕверки“ засега нема на двете страни на границата.

Така, во Србија се уапсени Раде Спасојевиќ, сопственик на магацинот кој припаѓа на неговата фирма „Флораком“ која се бавела со извоз на кисели краставички (!). Му се скиселило и на неговиот син Небојша Спасојевиќ, како и на работникот кој бил пронајден во магацинот. Покрај нив, уапсен е и Иван Драгниќ, ко-сопственик на компанијата „Алфафарм“ од Северна Македонија, која се занимавала со легално производство на марихуана ама и со нелегален извоз. Нашите истражни органи се обврзале за уаспсените лица во Србија да достават податоци до кои дошле тука.

Кога станува збор за Србија таму се чини не е уапсен Мијајловиќ кој е барем засега главниот организатор и за македонските и за соседните актери во аферата со марихуаната. А тоа за сериозна истрага е голем хендикеп, нели! Преку него лесно може да се дознае какви се врските меѓу магационерите и куририте и врвот на политиката, за што постои јасно сомнение во јавноста.

Меѓу основачите на фирмите се Петар Брковиќ (на тамошните и наши компании а во различни времиња) потоа Јована Мијајловиќ, Александар Милошевиќ (сите од Крушевац), Драган Крстев (Македонец за кого нема податоци што е секако наш хендикеп!) и Даниел Савасци (40), кој е доста погоре во хиерархијата на овој валкан бизнис. Имено, овој фудбалер од трета лига со австриско државјанство се чини е битен за пласирање на дрогата во Централна Европа.  Излегол од фирмата два дена пред фаќањето на дрогата (!) а Крстев тоа го сторил уште летоска а тоа треба да се поврзе со двата тона на марихуана што во Србија е фатена во август лани, за што пишувавме во Цивил неодамна, како не до крај објаснета акција за која говореше министерот за внатрешни Ивица Дачиќ без никакви детали.

Имено, тој чин може да е замаглен заради повисоки цели во борбата со криминалот од страна на ТОК (Обвинителство на организиран криминал) ама и покажува дека акциите се исто така провалувани!

Но, нема тука само „бежанија“ во овој бизнис бидејќи вредноста на уделите во „Алфафарм“ се зголемува во текот на летото во земјава па од 193 илјади евра таа скока на 529 илјaди евра! Бизнисот оди добро, влогот се зголемува, бидејќи, поединечно ќе носи поголем профит, секако.

Ама да не бидеме наивни – оваа фирма (која работи во просториите на ОХИС) е основана во мај 2024, кога дојде до смена на кормилото на државата. А зголемувањето на влогот е резултат и на сигурноста на акционерите дека ќе можат оттогаш да си работат на раат!

Но, да се вратиме на српски терен, засега. Како таму после толку апсења не се дошло до срцевината на организацијата која носи голем профит?

СЕКОЈ СРБИН СИ ЈА СЛАВИ… ТАКАНАРЕЧЕНАТА Стара Нова година кога поднапиените службеници на државата не сакале да се заморуваат со некакви контроли (ако воопшто било така)

Српски „бројаници“

А профитот секако а најважен во сѐ што значи промет, а јасно и кај канабисот. Србија Данас, медиум за кој, признавам, не сум чул порано, објави текст со наслов кој го поврзува српскиот политички врв со наводно сознание дека во трговијата со дрога тој во последните години изгубил 2,5 милијарди евра. Таква констатација, доста смела до сега во вака отворена форма немаат изнесено ниту најлибералните гласила во оваа земја, а такви, барем таму, секако има. Затоа, сега се доволни и анализите изнесени таму. И тоа е доволно за да се сфати шемата.

Пред сѐ во фокусот на јавноста во Србија е името на Братислав Гашиќ. Тој не се споменува за прв пат во врска со случаите со марихуана. Сведочејќи на судењето за случајот Јованица во 2023 година, белградскиот полициски инспектор Душан Митиќ изјави дека неговата намера и намерата на неговите колеги била да ги уапсат тогашниот директор на БИА – Гашиќ и Мирко Шкер, тогашен прв човек на центарот на БИА во Белград, бидејќи доказите покажале блиски контакти на првообвинетиот Предраг Колувија со високи членови на безбедносниот сектор, меѓу кои бил и Гашиќ.

Пензионираната полицајка од српското МВР, Славица Радовановиќ, наведува дека сите настани поврзани со овој случај укажуваат дека целата акција треба на некаков начин да се скрие и дека главните актери – организатори не треба да бидат откриени, и дека тоа е причината зошто нема соработка меѓу државните органи на Северна Македонија и Србија, како што пишува белградски N1.

„Штом во нашата земја, среде акцијата, ги заменија луѓето што учествуваа во неа, го заменија и обвинителот што работеше на неа. Значи, дефинитивно е јасно дека интересот на државата и безбедносните структури не е да откријат која била вистинската цел и кои се луѓето што се организатори. Бидејќи никаде во ниту една земја на овој свет нема криминал што државата и безбедносните институции не се обврзани да не ги контролираат сите текови на дрога, без разлика за каков вид дрога станува збор“, вели таа за N1.

Таа додава и дека луѓето што беа уапсени во Србија затоа што на нивниот имот беа пронајдени пет тони марихуана беа злоупотребени.

„Невозможно е нешто да се случило случајно во Јованица, кога БИА ја обезбедувала таа плантажа, директорот бил Гашиќ, сега да е во Крушевац и птица да не може да прелета покрај тебе таму, а Гашиќ и полицијата да не знаат ништо. Значи, тука имаме организирана криминална група која досега шверцувала којзнае колку тони марихуана. За мене, ова само кажува дека полицајците, кои работеле на ова, биле во трка со своите менаџери што да прават пред откривањето, бидејќи, сигурно знаеле дека ќе бидат заменети и дека сè ќе остане ad acta, но совеста и интегритетот на полицијата сигурно не им дозволиле да го пуштат тоа како што го направиле, којзнае какви дејствија, но, веројатно, сами, без консултација со министерот, директорот, избраниот шеф на УКП, сфатиле и така ги довеле во многу непријатна ситуација, а тоа е дека мора да ‘испеглаат’“, изјави Радовановиќ.

Инаку, за разлика од изјавите дека 5-те тона марихуана се историски најголема маса од таа материја во Србија, сега сместен во болница, министерот Дачиќ додаде дека лани во август биле фатени два тони марихуана(!) а дека податоците за 2024 година говорат дека во Србија се запленети 4,1 тон марихуана, веројатно не во еден ден.

Од каде капнува сокриен путер?

Како што забележувате српскиот врв до последен ден на своето опстојување ќе се бори за спас на своите врвни политичари. Се разликува ли кабинетот на Мицковски по тоа прашање? Секако не. Предвидливо ама видливо се зголемува начинот со кој тој комуницира со медиумите, со модел кој ни малку не одговара на неговата функција. Да има тука многу путер кој се лизга од покривот на Палатата Татарчев!

Согласно на оној лозунг – „внимавај така да останам невина“ од насловот на романот на Звонимир Мајдак тој се обиде веднаш – како за сѐ што е негативно во земјава – да ја фрли вината на Зоран Заев и Венко Филипче, форсирајќи ја истрагата кон струмичкиот регион! Како што покажа истрагата која се води интернационално, патот на пратката засега нема никаква врска со тој регион, туку со нешто што постои како „патека на слоновите“ и е директно врзана за актери од двете страни на границата, кога се работи за овој вид на криминал!

Основачите на фирмите во земјава, српски државјани, нели, си ги користат сите свои ресурси и немаат намера да го делат приходот со никого, освен, се разбира, ако треба кај нас (и во нивната земја) да го корумпираат од редот на оние кои би можеле теоретски да им застанат на патот.

Власта на Мицкоски имаше значи за цел најнапред да го оцрни низ ова откритие својот политички противник а згора да ги заштити своите врвни кадри, во полицијата и царината, пред сѐ. Беше ли можно? После еден месец од откривањето на петте тони марихуана премиерот го дозволи она „некои ситни службеници“ јасно ставајќи ја границата до каде смее да оди истрагата! Тоа се вика насочување на постапката и во правото не е дозволиво ако секако се имаат во предвид елементарни процедури во демократски земји.

Проба тоа да го направи преку веќе постојните провмровски медиуми кои беа валкани до крај, но овој пат се обиде и да го прошири кругот на послушниците и онаму каде до сега имаше непријатели. Делува поуверливо, нели. Па така, се вклучи еден до скоро тазе критикувач од својот интернет портал на владините политики во нивна одбрана токму на прашање на дрогата.

Па се пуштија пробните балони.

На пример, дека дрогата не излегла на преминот Табановце! Па добро, постои само уште еден премин, оној кај манастирот Прохор Пчињски, ама тој не е предвиден за минување на било какви возила освен лесни автомобили, бидејќи и патот кој потоа следи во Србија е претесен за било какви други превозни средства. Згора, тој премин работи само од 6 до 18 часот, што е нели, помал проблем. Погоре веќе е кажано како тоа се извело што јасно кажува дека некој тука свесно се обидел да ја мами јавноста. Само да се тргне погледот од Табановце.

Потоа се тврдеше преку тој извор дека власта апси во голем број, ама се покажа дека уапсени се кај нас лица на кои пред укажала истрагата на српските органи! Бучно е само при упадите во магацините на многу фирми, регионално врзани за струмичкиот крај ама тоа не може директно да се врзе засега како шверцуван извоз.

Министерот за здравство, прв човек на институцијата која е најодговорна за вршење на надзор на фирмите одговорни за собирање и преработка на марихуана за медицински цели јасно кажува зошто се одземени дозволи на половина дузина фирми – нема адекватни услови за производство, немале надзор, немале соодветна чуварска служба и слично.

Засега не станува за дрога која била во промет надвор од магацините! А тоа со надзорот на Министерството кој практично не постоел со години, е секако посебна приказна, ама таа ја товари главно оваа Влада! Треба да се каже дека ниту едно стебленце марихуана кое е постаро од две години нема никаков ефект, најмалку пазарен – се смета за пресушено, а Мицкоски е на власт 21 месец! Пресметајте сега што тоа значи.

Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.

Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Од аздисаност до изгубеност

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ