• Latest

Вештачење од 2024: Мазутот од РКМ не загадувал, а работењето на ТЕЦ Неготино ѝ заштедило над 12 милиони евра на државата

July 25, 2026
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home PR & PUBLIC AFFAIRS

Вештачење од 2024: Мазутот од РКМ не загадувал, а работењето на ТЕЦ Неготино ѝ заштедило над 12 милиони евра на државата

July 25, 2026 19:35
in PR & PUBLIC AFFAIRS, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ПР содржина

Мазутот што компанијата РКМ го испорачувала за потребите на ТЕЦ Неготино бил со соодветен квалитет, не предизвикувал загадување на воздухот и животната средина, а неговата употреба овозможила заштеда од повеќе милиони евра за државата и ги поштедила граѓаните од уште повисоки сметки за електрична енергија во екот на енергетската криза. Ова произлегува од вештиот наод нарачан од тогашниот директор на ТЕЦ Неготино, изработен во 2024 година.

Вештачењето ја анализира економската оправданост од активирањето на ТЕЦ Неготино во услови на енергетската криза и заклучува дека работењето на електраната било оправдано, бидејќи набавката на електрична енергија од унгарската берза, наместо производство со мазут, би ја чинела државата значително повеќе.

„Според посочените извадоци, Владата на РСМ донела одлука за активирање на ТЕЦ Неготино за времено дополнително производство на електрична енергија (ЕЕ) во услови на енергетска криза. За реализација на ова, Владата дала согласност за склучување договор за деловно-техничка соработка помеѓу АД ЕСМ и АД ТЕЦ Неготино, во тоа време посебно правно лице, а денес подружница на АД ЕСМ. Со оглед на општата состојба на пазарот на електрична енергија во цела Европа од средината на 2021 година, кога настанала енергетска криза предизвикана од недостиг на електрична енергија и, следствено, значителен раст на цените на ЕЕ, пуштањето во работа на ТЕЦ Неготино било оправдана одлука, земајќи предвид дека очекуваната цена на ЕЕ произведена во ТЕЦ Неготино била пониска од цените на ЕЕ на унгарската берза HUPX, кои во тој период се сметале за референтни за Македонија“, стои во вештачењето.

Во наодот се содржани месечни табели за произведената и потрошената електрична енергија, како и за приемот и потрошувачката на мазут во текот на 2022 и 2023 година, дополнети со годишен сумарен преглед. Документацијата покажува дека редовно била водена евиденција за приемот и потрошувачката на мазутот, а од расположливите податоци може да се заклучи дека динамиката на испораките од страна на РКМ била во согласност со склучените договори.

ТЕЦ Неготино е термоелектрична централа чија изградба започнала во 1975 година, а по завршувањето на првата фаза била пуштена во работа во 1978 година, со максимална трајна моќност од 210 MW. Централата како основно гориво користи мазут и може да работи со еден или со два котли, односно со половина или со целосен производствен капацитет.

Од 2009 година, ТЕЦ Неготино претставувала ладна резерва во електроенергетскиот систем на Македонија, сè до нејзиното повторно активирање во декември 2021 година поради енергетската криза.

Во периодот од декември 2021 до април 2023 година, ТЕЦ Неготино работела или со еден котел, со просечна моќност во опсег од 75 до 90 MW, или со два котли, со просечна моќност од 155 до 175 MW. Имало и периоди кога електраната не работела, што било уредно документирано со целосна документација, односно со налози за пуштање и прекинување на нејзината работа, достапни во доставениот материјал.

Вештачењето покажува дека со набавката на мазут и домашното производство на електрична енергија биле заштедени милиони евра, кои во спротивно би биле потрошени за увоз на струја од унгарската берза. Товарот на тие дополнителни трошоци, во крајна линија, би го сноселе граѓаните преку повисоки сметки за електрична енергија.

„Покрај месечниот преглед за сите месеци од предметниот период, на крајот е прикажана вкупната вредност на ЕЕ произведена во ТЕЦ Неготино и предадена на мрежата, која ориентационо, изразена во евра, изнесува 155,407 милиони евра, како и ориентационата вредност на ЕЕ доколку истите количества биле набавени на унгарската берза HUPX, без да се земат предвид дополнителните трошоци за пренос и увоз на ЕЕ во Македонија, која изнесува 167,550 милиони евра и е повисока од вредноста на ЕЕ произведена во ТЕЦ Неготино. Според ова, разликата помеѓу двете вредности изнесува 12,143 милиони евра, што покажува дека работењето на ТЕЦ Неготино може да се смета за економски оправдано. Оваа разлика би била уште поголема ако се земе предвид дека цената на увезената ЕЕ во Македонија би била повисока од цените на унгарската берза поради дополнителните трошоци.“

Мислењето на вештото лице е дека мазутот што бил користен бил со соодветен квалитет и ги исполнувал потребните услови за производство на електрична енергија.

„Мазутот што се користел бил со релативно добар квалитет за да овозможи производство на електрична енергија според очекуваните вредности за потрошувачка на мазут во ТЕЦ Неготино. Како дополнителен аргумент за квалитетот на мазутот може да се наведат и лабораториските извештаи за мерења на емисии на загадувачки материи во воздухот, вкупно седум, извршени во ТЕЦ Неготино во предметниот период кога работела електраната, во кои се констатира дека концентрацијата на чадни гасови од котлите не ги надминува граничните вредности пропишани со Правилникот…“

И покрај ваквите наоди, предметот сè уште се наоѓа во Вишото јавно обвинителство, кое треба да одлучи по жалбата против одлуката на ОЈО ГОКК за запирање на истрагата поради недостиг на докази. Во меѓувреме, ЕСМ практично тврди дека постои штета која, според вештиот наод, не е утврдена.

Напротив, документот покажува дека нема економска штета, туку финансиска корист за државата и за граѓаните преку поевтиното домашно производство на електрична енергија. Истовремено, лабораториските анализи не утврдиле надминување на дозволените гранични вредности на емисиите на загадувачки материи во периодот што е предмет на истрагата.

Во тој контекст, останува нејасно врз што ЕСМ ја темели својата жалба, особено ако се има предвид дека претставници на компанијата, во искази дадени пред ОЈО ГОКК, навеле дека „им симнуваат капа на РКМ“ за експедитивноста и навремената испорака на мазутот.

 


PR & PUBLIC AFFAIRS | Во оваа рубрика се објавуваат промотивни, спонзорирани, партнерски и институционални содржини. Текстовите се јасно означени (ПР содржина) и не претставуваат редакциски став на ЦИВИЛ МЕДИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ