• Latest

Фејсбук кампања: „Да го разбудиме Павел!“

May 19, 2017

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Фејсбук кампања: „Да го разбудиме Павел!“

May 19, 2017 13:18
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 25.000 евра се потребни за да се изврши уште една дополнителна интервенција којашто носи надежи дека ќе му го спаси животот на момчето Павел, кое на Велигден се здоби со тешки изгореници од струен удар, во обид да направи „селфи“ над вагон во депото на „Македонски железници“, во скопската населба „11 Октомври“ .

Павел е сместен во болница во Англија, и лекарите го одржуваат во вештачка кома,  Со него е неговата мајка. Семејството нема 25.000 евра, за да ја плати интервенција и да го спаси своето дете, но се надева на хуманоста на општеството. Во услови кога ниту државата, ниту надлежни министерства, не реагираат за да му помогнат на семејството на Павел, реагираат неговите врсници.

„Ве молам сите да ме прочитате. Ја прашувам ќерка ми што јадела на училиште, ми вели ‘ништо’. Јас викам ‘зарем цел ден седеше гладна?’ Ми вели: ‘Никој веќе не јадеме на училиште и не ги трошиме парите, туку ги собираме за Павел.’ Детето ми кажува дека сите деца од шесто до девето одделение десетина дена, не трошат пари за ништо, престанале да купуваат ужинка, не јадат, не купуваат сокови, секој ден трчаат со кутијата за донации и собираат пари, секој денар што го имаат го ставаат во кутијата и на крајот на часовите, парите ги предаваат на класниот раководител на Павел! Сакале да соберат што повеќе пари пред да заврши учебната година. Какви деца, а хероишта?!!“, пишува во постот што ја потресе Фејсбук мрежата денеска.

Врсниците на Павел, како што пишува во постот, изработиле и постер, го испечатиле и сега го лепат по училиштата низ Скопје.

А, родителите на децата, започнаа и Фејсбук кампања за помош на Павел.

„По неколку дена на нашите клиники, префрлен е на лекување во Англија. Ја исконтактирав мајка му… Мајчичка луѓе, бдее над своето чедо, секој ден во болница, во туѓина. А, Павел спие, мајка му го чува… Павел е во вештачка кома. Потребна е уште една интервенција. Знам дека се многу 25.000 евра, знам дека сме мала земја, дека сме сиромашен народ, ама исто така знам и дека сме народ со големо срце! Затоа ќе ве замолам сите до еден, сиромашни и богати, стари и млади, земете ги телефоните и донирајте!“, стои натаму во постот.

Загрижените родители на врсниците на Павел, утре (сабота) во „Нано бар“ во Скопје, организираат хуманитарна забава за Павел. Дел од прометот, 30 отсто ќе го донираат, а ќе стават и кутија за донација, каде што секој може лично да донира. Ќе присуствуваат училишните другари на Павел, неговиот класен раководител, наставниците…

„Дојдете и вие. Богати и сиромашни, млади и стари, сите да помогнеме колку можеме! Раширете го постов по фирми, по општини, по здруженија, по наши иселеници во странство по луѓе, секаде! Ајде, Македонијо, обедини се! Да го разбудиме Павел!“, порачуваат родителите.

Секако овој повик треба да го чујат и „Македонски железници“, па да пренаменат дел од средствата од кампањата „Не за селфи на воз – вреди да живееш“, наменета за подигање на свеста кај учениците, за да не се фотографираат на вагоните и да не си го доведуваат животот во опасност. Зашто, сега е најбитно да му се спаси животот на Павел, а потоа да се продолжи со едукативните кампањи, кои што очигледно, почнуваат со задоцнување.

М. Талеска

Tags: воздонацијаМакедонски железнициПавелсолидарностУченициФејсбук кампањахуманост
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ