БЕЛГРАД, 25 октомври 2026 – Граѓаните во Блок 45 во Нов Белград почнаа да чекаат во долги редици за гласање уште од 4 часот наутро, дури три часа пред официјалното отворање на избирачките места, јавува Марко Маневски, колумнист на ЦИВИЛ МЕДИА, директно од Белград.
Ова е еден од првите теренски извештаи на ЦИВИЛ МЕДИА од денешните вонредни парламентарни избори во Србија.
Избирачките места се отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 20 часот. Право на глас имаат 6.451.292 граѓани, кои избираат 250 пратеници во Народното собрание на Србија.


Изборите се одржуваат во атмосфера на длабока политичка поларизација, по речиси две години студентски протести и во услови на засилено внимание кон изборниот интегритет.
ЦИВИЛ МЕДИА ќе известува за текот на гласањето со оригинални теренски извештаи од Белград, информации од независните набљудувачи и релевантните институции.
Б. Ј.
ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.












