• Latest

Жега: На пеколни горештини илјадници граѓани во Македонија се без вода!

June 30, 2017

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Жега: На пеколни горештини илјадници граѓани во Македонија се без вода!

June 30, 2017 15:27
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дел од околу 3.000 жители на велешкото село Оризари, коишто трета недела се без вода за пиење, денеска од 7.30 до 10.00 часот го блокираа регионалниот пат Велес – Чашка во близина на старата свиларница. коишто живеат во високите зони речиси постојано се без вода, но сега со овој проблем се соочуваат и граѓаните од ниските делови на Оризари.

Оризари, велешко

„Водоводот го градевме со самопридонес во 80-те години, а со него почна да стопанисува велешкото Kомунално претпријатие од 1995. Наплатата во ова населено место е околу 86%, што значи, не смее да се дозволи да имаме проблеми. Доколку не се реши проблемот викендов, протестот ќе го продолжиме од понеделник“, изјавиja жители на Оризари за ЦИВИЛ Медиа.

Од велешкото комунално претпријатие ЈКП „Дервен“ најавуваат дека од попладнево, во селото ќе доаѓа цистерна со вода, со цел да се ублажи проблемот, до негово конечно решение.

„Причината што во селото Оризари се јавува недостиг од вода во домаќинствата, секоја година во текот на летниот период, е што водата која треба да се користи за домаќинствата, ненаменски и во енормни количини се троши за наводнување на земјоделски површини, при што, се јавува недостиг од вода, особено за жителите на повисокиот дел од селото. За пример, наведуваме дека во текот на есента, зимата и пролетта, пумпата во резервоарот за водоснабдување на селото работи само 8 часа дневно, а вода имаат сите, додека во текот на летото, пумпата работи непрекинато, а се јавува недостиг од вода. Жителите на селото Оризари добро ја знаат причината поради која се јавува недостигот од вода за пиење, но и покрај тоа, бараат вина кај Јавното комунално претпријатие. Потсетуваме дека водата од градската водоводна мрежа не е наменета за наводнување на земјоделски култури, туку исклучиво за потребите на домаќинствата, и доколку наменски се користи, вода за пиење и за потребите на домаќинствата, ќе имаат сите во селото, и повеќе од доволно“, соопштуваат од ЈКП „Дервен“.

Надлежните од ова претпријатие обвинуваат и дека во текот на минатата недела, два пати, непознати лица нелегално ги затвориле излезните вентили од резервоарот за вода, при што, намерно предизвикале прекин на водоснабдувањето во целото село, за што била известена и полицијата.

Без капка вода, неколку дена се и жителите на скопското село Љубанци. Вода полнат од околните бунари, за да ги задоволат елементарните хигиенски потреби, но и потребите во домаќинствата. Стравуваат од потенцијални инфекции.

Од ЈП „Водовод“ во Општина Бутел, велат дека досега не се известени за проблемот. Оттаму, најавуваат интервенции откако стручни екипи, ќе ја скенираат состојбата на теренот.

Крушево

И туристичко Крушево во екот на летната сезона нема квалитетно водоснабдување! Жителите од повисоките зони реагираат дека веќе една недела, од 18.00. па до 6.00 изутрина се исклучени од мрежата, затоа што наводно се полнат резервоарите со вода.

„Има мали деца, бебиња, постари, неподвижни лица на кои што им треба исклучителна хигиена и нега. Како тоа да се прави без вода? Освен тоа, нели сме туристички град, нели егзистенцијата треба да си ја обезбедуваме преку туризмот?! Кој ќе дојде во Крушево на викенд, да се релаксира, кога нема вода?“, се жалат крушевчан(к)и.

Дел од нив, се крајно револтирани, зашто во периодот кога се врши рестрикција, тие се спречени да го искористат бенефитот од ефтината тарифа на електричната енергија.

Од комуналното претпријатие „Комуна“ велат дека се преземаат мерки и дека проблемот ќе се реши итно.

„Само четири дена нема вода и толкави реакции! Потребите на градот се околу 25 литри во секунда, затоа моменталниот недостиг ќе го надополниме со одредени количества вода кои во градскиот водовод ќе доаѓаат од регионалниот водовод ‘Студенчица’“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Велко Крстески, директор на „Комуна“.

Моника Талеска

Tags: водоснабдувањеепидемијаинфекцииКрушевоЉубанцинедостиг на водаОризари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ