• Latest

Наративите во полу-авторитарни режими: Случајот со Македонија

September 12, 2017

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Наративите во полу-авторитарни режими: Случајот со Македонија

September 12, 2017 16:07
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Утре (13 септември) во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во  Скопје, од 18.00 до 21.30, во организација на Фондацијата „Хајнрих Бел“, Канцеларија Сараево, ќе се одржи конференцијата на тема: „Наративите во полу-авторитарни режими (Случајот со Македонија)“Организаторите најавуваат дека целта на конференцијата е да се анализираат наративите кои во последната декада во Македонија, беа насочени кон повеќе сегменти од општеството, културата, човековите права, политиките на сеќавања, политичкиот дискурс и медиумите.

Според најавата на организаторите, „во текот на последната декада, голем број на интелектуалци, претставници од невладиниот сектор, од меѓународни организации и од Европската комисија, Република Македонија ја дефинираа како заробена држава, демократура, делумно слободна држава или полу-авторитарен режим“.

Во тој контекст, „македонското општество се карактеризира со широко распространета политичка корупција и контрола од државата врз политичкиот, општествениот и културен живот. Во некои аспекти, општеството е изложено и на крајно десничарски и националистички политики и проекти, како и ширење на идеи и верувања, кои имаа и сè уште имаат силно влијание врз развојот на и така, слабата демократија во Република Македонија. На тој начин, загрозени се основните принципи и вредности на либералната демократија, како што се почитувањето на човековите права, родовата еднаквост, положбата на ЛГБТИ заедницата, слободата на говорот и слободните медиуми“.

Организаторите истакнуваат дека „десничарските конзервативни и националистички политики имале силно влијание на политиките на сеќавање и на културата. Со цел да се оправдаат и легитимираат овие политики, поранешната Влада и владеачките партии, со подршка на разни здруженија на граѓани, јавни личности и интелектуалци, обликуваа и развиваа низа на наративи, кои служеа за легитимирање на овие политики и проекти. Сето тоа не претставуваше само напад врз основните вредности на либералната демократија, туку и создавање на големи разлики помеѓу ‘нас’ и ‘нив’, на меѓуетничко, но и на интраетничко ниво. Исто така, овие наративи ги засилија авторитарните тенденции и вредности во македонското општество“.

Според програмата, конференцијата ќе се одвива низ две сесии од по 90 минути, на кои своите погледи ќе ги претстават луѓе кои подолго време работат во оваа област и ќе ги претстават своите искуства и истражувања. На првата сесија, чиј модератор ќе биде Сефер Тахири ќе дискутираат Игор Мицевски, Билјана Котевска, Кристина Леловац и Славчо Димитров, а на втората, која ќе ја модерира Љупчо Петковски, учесници ќе бидат Ирена Стефоска, Ивана Драгшиќ, Дарко Стојанов, Миша Поповиќ и Влора Речица.

Tags: авторитарни тенденцииДимитровДрагшиќконференцијаКотевскаЛеловацМисцевскиНаративите во полу-авторитарни режимиПетковскиПоповиќРечицасесииСтефоскаСтојановТахири
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ