• Latest

Предлози за новиот Закон за високо образование

September 27, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Предлози за новиот Закон за високо образование

September 27, 2017 15:16
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Професорскиот пленум (ПП) на 25 септември одржа Генерален пленум на кој ја отпочна интерната расправа за нацрт-текстот на новиот Закон за високо образование, изготвен од експертската група на Пленумот.

Основа за изработка на текстот е концептот за Закон за високото образование, претходно усвоен од трипартитната комисија формирана од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а составена од претставници на Ректоратот на Универзитетот, на Студентскиот пленум и на Професорски пленум. При изработката на текстот, групата се водеше од уставно загарантираната автономијата на високото образование (универзитетот), околу што главно се судираа ставовите меѓу академската заедница и претходната Влада. Неопходно беше таа автономија во законот да се одрази преку рамка која ќе поддржи висок степен на само-регулација, заснована на принципите на одговорност и отчетност во вршењето на оваа дејност од јавен интерес.

Според Пленумот, треба да има нов начин на финансирање кој ќе се остварува преку Советот за финансирање и развој на високото образование. Финансирањето на дејноста ќе се остварува првенствено преку надоместување на цената на чинење на студиско место, согласно утврдена методологија којашто ги отсликува спецификите на различните студиски програми.
Од Пленумот соопштија дека деловите на законот за избор и напредување на академскиот кадар се значително променети, при што се предлага со закон да се уредат условите и начелно да се постават критериумите за избор во звања. Поспецифично уредување ќе направат универзитетите, преку нивните форми за соработка, земајќи ги предвид спецификите на научните и уметничките подрачја.
Наспроти досегашниот централизиран универзитет, се предлага се предлага интегриран, односно, функционална интеграција на универзитетот која овозможува внатрешна автономија и демократизација во управувањето и одлучувањето, наспроти досегашната практика на централизација на моќта.
Прашањата за осигурување на квалитет во високото образование се уредени на начин којшто поддржува висок квалитет на високообразовната дејност, а за истите ќе се грижи Агенција за квалитет во високото образование, акредитирана во Европската агенција за осигурување на квалитет.
Од Пленумот потенцираат дека статусот на студентите, нивните права и обврски и особено, начинот на нивно организирање и учество во управувањето, ќе се изработува во соработка со студентите како засегната страна.
По усвојување на предлозите и на забелешки на членовите, Професорскиот пленум пред академската и пошироката јавност, ќе го презентира својот предлог за нов Закон за високо образование .

Tags: Агенција за квалитет во високото образованиегенерален пленумизбор и напредување на академскиот кадаринтерна расправанов Закон за високо образованиепредлогпрофесорски пленум
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ