Агенцијата на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ја промовираше новата, редизајнирана веб-страница, преку која лицата со сетилна попреченост ќе имаат можност да се информираат за новостите.
„Лицата со сетилна попреченост ќе може да се информираат на македонски, албански и на англиски јазик, и нема да кажам дека ние сме единствената и првата институција која има ваква веб-страница, но ќе истакнам дека сме едни од ретките. Сакам тоа да биде пример што ќе го следат и другите институции, за да може на оваа група на граѓани да им бидат достапни сите информации“, рече директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски.
Текст и камера: Дехран Муратов
Монтажа: Маја Ивановска