Во село Другово на 9 октомври со тврд предмет биле искршени две стакла од објект што се користи како штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Полицијата извршил увид на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Оваа информација доаѓа од Министерството за внатрешни работи. Сепак, набљудувачите од ЦИВИЛ од Кичево информираа од лице место дека немало никаков инцидент во селото.
Во разговор со жителите што живеат непосредно до штабот на ВМРО-ДПМНЕ дознаваат дека стаклата на помошните простории што ги користи партијата се скршени, но така е со години. Делот што се користи како штаб е во ред и немало никаков инцидент.