• Latest

Петтина од населението во Македонија живее во сиромаштија!

October 17, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Петтина од населението во Македонија живее во сиромаштија!

October 17, 2017 12:16
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска низ светот се одбележува 17 октомври – Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата. Иако статистиките покажуваат дека во изминатите 20 години, стапката на смртност на деца под пет години, како резултат на сиромаштијата е преполовена, како и дека стапките на екстремна сиромаштија се, исто така, драстично намалени од 1990 година, сепак, бројките се поразувачки.

Иако светот произведува доволно храна за да ги нахрани сите жители, околу 800 милиони луѓе страдаат од глад. Тоа е еден од девет луѓе – од кои 60% се жени!

Годишно, повеќе луѓе умираат од глад, отколку од маларија, туберкулоза и СИДА.

Околу 45% од смртните случаи кај новороденчињата се поврзани со неисхранетост.

Една третина од храната произведена во светот се фрла како отпадок.

Светот ќе треба да произведе 60% повеќе храна до 2050 година, за да ја нахрани растечката популација.

Според Министерството за труд и социјална политика, во Македонија 21,5 отсто од населението живее во сиромаштија.

По повод одбележувањето на денешниот Меѓународен ден против сиромаштија, во Македонија се одржуваат неколку акции.

На пет локации во Скопје започна најмасовната акција за донирање на храна во Македонија, „Нахрани 1.000” во состав на иницијативата „Мрдни со прст“.

Во периодот од 10 до 19 часот, ќе бидат поставени штандови на плоштадот „Македонија“, пред „Скопје Сити мол“ кај „Плеј кафе“, пред „Веро“ во Аеродром, пред Домот на градежници и пред „Тинекс“ во Ѓорче Петров. На штандовите ќе може да се донира храна која ќе биде наменета за бездомниците и за загрозените семејства.

Целта на акцијата е да се поттикне солидарноста и да се подигне јавната свест за донирање храна на оние на коишто таа им е најпотребна.

Организатори на настанот се граѓанската иницијатива „Мрдни со прст”, „Црвениот крст на Град Скопје”, организацијата „Ајде Македонија”, Здружението на граѓани за помош на бездомници и загрозени семејства „Љубезност”, Сојузот на извидници и организацијата „АДРА”.

Покрај штандовите, во акцијата ќе биде вклучено и комби возило на иницијативата „Мрдни со прст“, кое денеска ќе посети компании во Скопје, откако, како што соопштија организаторите, бизнис-секторот пројавил интерес за акцијата.

 

 

 

Tags: „Ајде Македонија“„Мрдни со прст“„Нахрани 1.000”АДРАсиромаштија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ