• Latest

Катица Јанева и СЈО најдобри обвинители на Балканот

November 28, 2017
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Катица Јанева и СЈО најдобри обвинители на Балканот

November 28, 2017 10:30
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) на главниот обвинител на Специјалното јавно обвинителство на Република Македонија Катица Јанева ѝ го додели високото признание „Најдобар главен обвинител на Балканот“, воедно, на Специјалното јавно обвинителство на Република Македонија (СЈО) му го додели високото признание „Најдобро обвинителство на Балканот.
Високото признание „Светска личност на деценијата во областа на правосудството“ Институтот му го додели и на главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (ICTY) баронот Серж Брамерц, а на Обвинителството (ICTY) му е доделено високо признание за извонреден придонес кон вистината, правдата и помирувањето.

Признанијата ги врачи потпретседателот на Советодавниот одбор на Меѓународниот институт ИФИМЕС проф. др. Ернест Петрич, поранешен претседател на Уставниот суд на Република Словенија, кој е актуелен член на Меѓународната правна комисија на Обединетите нации и нејзин поранешен претседател.

Петрич го истакна значењето на стабилизацијата на ситуацијата во Република Македонија, бидејќи зацврстувањето на демократијата, јакнењето на институциите на правната држава и развивањето на соживотот и на различностите придонесува за воспоставување на стабилност и мир во регионот. При тоа, од исклучителна важност се формирањето и работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и работата на Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева кои, со својата досегашна работа, го оправдаа своето формирање. Работата на СЈО со големо внимание се следи во Македонија, во регионот, но и пошироко, бидејќи успехот на работата на СЈО нема да биде само успех на Македонија, туку ќе биде и успех на целиот регион.

При тоа, важно е што во работата на СЈО се почитуваат високите правни стандарди и е важно низ работата на СЈО да се врати угледот на институциите на правната држава и еднаквоста пред законите, односно, на секој граѓанин на Македонија да му се обезбеди правна сигурност и заштита. Тоа е тешка, макотрпна работа, која со оглед на досегашната работа, се надевам, успешно ќе ја извршат сите вработени во СЈО. Специјалниот јавен обвинител Јанева и нејзините соработници покажаа не само стручност, туку и храброст, во еден таков амбиент во Македонија да покренат правна револуција во интерес на сите граѓани. Враќањето на довербата е сложена работа, тоа е мисија во вистинската смисла на зборот, но мисија која сепак е остварлива, бидејќи се работи на нејзиното остварување.

За работата на Јанева директорот на Институтот доц. Др. Зијад Беќировиќ, меѓу другото, истакна дека Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на Република Македонија се соочува со кривични дела кои се последица на „украдената држава“ и демократија, односно, со тоа што сѐ се случува во една држава кога носителите на јавните функции ги злоупотребиле институциите на системот заради некои свои цели. И покрај сѐ, постојат поединци, кои со својата работа станаа инспирација и пример на многумина.

Се издвојуваат, препознатливи се по својата стручност и посветеност, со својата храброст и истрајност, поради што, чест нѝ е признанијата да им бидат врачени и да им се изрази благодарност за сѐ што сторија за своите државјани, за државата, за регионот, за светот, за подобра иднина на сите нас. Тоа се сигурно, Серџ Брамер и Катица Јанева, рече Беќировиќ.

„Иако обвинителката Јанева нема да признае дека токму неа ѝ припаѓаат најголемите заслуги за организацијата и за водењето на Специјалното јавно обвинителство, оценивме дека неа, сепак, ѝ припаѓа централното место заради сите нејзини напори и ангажирања Специјалното јавно обвинителство да се позиционира таму каде што му е местото. Успехот на Специјалното јавно обвинителство  и на обвинителката Јанева е препознаен не само во Македонија, туку и во регионот на Балканот. За резултатите на Обвинителството суштински продонес даде изборот на првокласните обвинители на чело со обвинителката Јанева. Заради тоа, обвинителката Јанева и Обвинителството кое таа го раководи, се пример за другите обвинителства во регионот. Врз основа на горенаведените, но и на сите претходни напори и ангажирања, како и активности за воспоставување на правна држава, за процесуирање на носителите на криминалот и на корупцијата, како и во насока на ефикасно правосудство, Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) со гордост, и заслужено, на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ѝ го доделува високото признание „Најдобар главен обвинител на Балканот“, стои во образложението на признанието.

Обвинителката Катица Јанева во свое, и во име на вработените СЈО, се заблагодари за признанијата и истакна дека, покрај секојдневната поддршка од граѓаните на Македонија, ова признание ќе ѝ биде потстрек и дополнително охрабрување за идната работа.

„Нѐ очекува уште многу работа, сите вработени свесно ја прифативме оваа, многу комплексна работа. Признанието им припаѓа на сите вработени, но и на граѓаните на Македонија, кои ги иницираа демократските промени. Клуч на тие промени е јакнењето и развивањето на институциите на правната држава. Граѓаните бараат правна сигурност и заштита. Токму со нашето дејствување, покрај процесуирањето на одговорните за различните кривични дела, кои се сторени врз основа на незаконското прислушување на граѓаните, е да ја вратиме довербата на граѓаните во правната држава. При создавањето на довербата на граѓаните потребно е содејство на многубројни актери во општеството, бидејќи општеството е комплексна појава и секоја коцкичка во еден таков мозаик, има и му дава смисол. Се обврзавме дека ќе ги почитуваме високите правни стандарди и дека низ процесите кои ги водиме ќе дојде до санкционирање на одговорните за сторените кривични дела и дека на таков начин ќе ја вратиме довербата на граѓаните во институциите на правната држава. Искрено се надевам дека процесот на евроатланските интеграцииа ќе му донесе само добро на регионот. Сакаме граѓаните на Македонија да бидат горди на својата држава, која реши да му се спротивстави на организираниот криминал и на корупцијата“, изјави Јанева.

Петрич и Беќировиќ говорејќи за  улогата и значењето на Обвинителството ИЦТЅ и на неговиот главен обвинител Брамерц, нагласија дека со досегашната работа го оправдаа формирањето на Меѓународиот кривичен суд, кој низ својата работа даде значителен придонес за развојот на меѓународното право, особено на меѓународното кривично право.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: БеќировиќИФИМЕСЈаневаПетричпризнанијаСЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ