• Latest

Кажете им на децата…

January 7, 2018
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кажете им на децата…

January 7, 2018 08:54
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Празниците се љубов и давање, посебно верските. Љубов кон блискиот, далечниот, инаквиот, сиромашниот, богатиот, љубов кон сите, и највеќе кон себе. Еден, два или три дена, толку траат празниците. Честитки, адети, гости,  славење и најубавото – семејно собирање околу трпезата. Денес е Божиќ, денот на Христовото раѓање, најголемиот Христијански празник. Честит празник, здравје и бериќет во вашите домови, вие што го славите!

пишува: Дијана Тахири

Израснав во маало населено со православни христијани, еден ред куќи Македонци, и другиот ред куќи Власи. Ние бевме единствените Албанци во маалото, муслимани по традиција. Зад нашите куќи имаше една пољанка што се подигаше нежно во мал рид, на којшто растеа дрвја. Секој од нас (децата) си имаше по едно дрво. Ги викавме коњи. Се качувавме на „коњите“ и се довикувавме секој на својот јазик, и паѓавме на земја кога некој ќе прозбореше на јазикот на другиот, несмасно, но слатко. Паѓавме од смеа, детска, неоптоварена, невина, слатка. Со некои од соседите заедно одевме и по одмори. Македонскиот јазик го научив на улица, научив и влашки, не доволно за да зборувам течно, но се сеќавам на долгите влашки песни на чичко Јанко, и сѐ уште знам да кажам понекој збор. Одевме со родителите на семејни слави кај соседите, седнувавме на долгите дрвени клупи и кога ќе ни здодееше да седиме на едно место, се сместувавме под масите полни со празнични јадења. Се сеќавам на уште многу други работи, но денес сакам да се осврнам на нешто што ме загрижува со години.

Вчера низ нашата уличка поминуваа дечиња коледари, во групи, и влегуваа во дворот на нашите први соседи да си ги соберат коледарските подароци. Радости. Ниедно од дечињата не влезе во нашиот двор, а татко ми и јас им спремивме по пет и десет денарки, мандарини и други ситнурии. Денот беше сончев, го поминавме во дворот и децата можеа слободно да влезат. Останавме со дребулиите во раце, се до последните дечиња што поминуваа низ нашата уличка. Ги застанавме са да им ги дадеме. Беа две момчиња, едното застана на капијата од дворот, другото стоеше зад него, малку скептично. Сепак, се пошегувавме, им честитавме и им ги дадовме дребулиите и си заминаа насмеани и расположени. Ова се случува неколку години по ред, децата да не ни влегуваат во двор, а нивните родители навидум имаат голема почит кон моето семејство, односно, кон мајка ми и татко ми, коишто секогаш им се наоѓаат, за арно или лошо, во радост или тага… Затоа, кога дечињата го одминуваат нашиот двор и се упатуваат до следната куќа, по нив останува горчина.

Се сеќавам кога бев девојче, во истото маало. Другарчињата секогаш ме земаа со нив по коледе. Секој од нив си имаше посебна торбичка за собирање подароци, така што јас си ја земав мојата црвена волнена “Thessaloniki” торбичка што ја чував закачена на ѕидот од мојата соба, во ред со другите „сувенири од море“ и постерите.

Костени, варени и неварени, бонбони и малечки јаболка, на тие се сеќавам највеќе. И на нашите од студ црвени носиња…

Tags: Божикмеѓуверски односи
Share348TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ