Иницијативата „Мрдни со прст“ утре организира модна ревија „Сите стоплени во зима“, во Младински културен центар (МКЦ), со почеток од 20 до 21.30 часот.
„За жал, многу наши сограѓани се соочуваат со проблемот на недостаток од топла зимска облека. Затоа, секое мало мрдање со прст за да се донира користена зимска облека која повеќе не се носи, значи многу. Цел на акцијата „Сите стоплени во зима“ на иницијативата „Мрдни со прст“ е да се собере користена зимска облека за луѓето на кои им е најпотребна. Бројот на седишта е ограничен и ќе биде достапен врз основа на прв дојден, прв услужен“, сопшуваат иницијаторите на Фејсбук.
Влезницата на модната ревија е да се донира парче зимска облека.
Дехран Муратов