Стручната служба на Државната изборна комисија денеска го одбележа Глобалниот ден на изборите.
На прашањето на ЦИВИЛ Медиа дали е одредена апанажа за членовите на ДИК што поднесоа оставка, Гугуческа одговори: „Оние членови што побарале апанажа, според закон им следува, значи, да“, одговори Гугучевска.
Дополнително таа не извести дека сè уште никој не бил исплатен, од петтмината членови што поднеле барање. Односно, Комисијата што одлучува за тоа сè уште не се изјаснила.
Апанажа побарале Александар Чичаковски, Игор Милев, Виолета Дума, Субхи Јакупи и Силвана Бонева.
„Со оглед дека еднаш е одговорено на барањето, незадоволната странка може да поднесе повторно, истото, барање и тој случај стручната служба на ДИК ќе се произнесе повторно по барањето“, изјави Гугучевска на прашањето дали може да се очекува разгледување на барањето на ЦИВИЛ за информации од јавен карактер, со оглед на нивниот одговор, дека тие побарувања, всушност не се од јавен интерес, а едно од барањето излезе на виделина со оставките на членовите на ДИК.
„Дури и со еден член на ДИК, стручната служба функциоира без проблем. Вработените во стручната служба се административни службеници што професионално си ја извршуваат својата работа… Стручната служба работи ан подготовка на евалуција на претходниот изборен циклус… Во овој момент стручната служба работи на шестмесечен план, што го донесовме минатата недела и на чија реализација веќе работиме“, одговори Гугучевска на новинарските прашања што се однесуваа на работата на ДИК во моменталната состојба.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов