Палестинска двојка протестира на специфичен начин против решението на претседателот на САД Доналд Трамп да го признае Ерусалим за престолнина на Израел. Двојката одлучи трите новородени бебиња да ги крсти Ерусалим, Палестина и Престолнина.
„Родив три близнаци и решивме имињата што им ги дадовме да одговараат на одлуката на Трамп“, изјави 25-годишната мајка Ислам ал Сукили.
Ерусалим и Палестина се момчиња, а Престолнина е девојче. Тие се родени во декември, две недели откако Трамп објави дека САД ќе го признае Ерусалим за израелска престолнина.
„Одлуката на Трамп нема никаква вредност. Ерусалим е нашата вечна престолнина“, рече Нидал Сукили, 30-годишен татко на децата.
Родителите на сите посетители ги покажуваат бебињата и нивните изводи, но велат дека покрај желбата да живеат во независна палестинска држава имаат и други проблеми, како да обезбедат пелени и млеко за децата.
Појасот Газа, каде се наоѓа градот Хан Јонис, каде што живеат трите бебиња и нивните родители, е територија позната по многу конфликти. Енклавата е под израелска и египетска блокада.
Извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.с