• Latest

Малолетна штитеничка сексуално злоставувана во дом за згрижување

February 15, 2018

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Малолетна штитеничка сексуално злоставувана во дом за згрижување

February 15, 2018 16:43
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Малолетна девојка, 13-годишната Р.И., вчера морала да оди на абортус, откако забременила како последица од сексуално злоставување на коешто била изложена како штитеничка на државната институција за згрижување деца „25 Мај“ во Скопје, соопштува Европскиот центар за правата на Ромите.

„Р.И. е трауматизирана по постапката, на којашто на родителите не им било дозволено да присуствуваат, спротивно на нејзината искажана желба. Надлежните институции не преземале никакви мерки да ѝ помогнат на Р.И. и на нејзиното семејство за да излезат од сиромаштија, ниту пак го признале сопствениот неуспех да ја заштитат малолетничката од сексуално злоставување додека престојувала во државна институција“, истакнуваат од ЕЦПР.

На 1 март 2017 година ЕЦПР добила информација од нејзините родители дека Р.И. исчезнала од државниот дом за згрижување деца „25 Мај“. Одговорните лица не го пријавиле нејзиното исчезнување ниту во полиција, ниту на нејзините родители.

Според нејзиното сведочење пред мониторот за човекови права од ЕЦПР, Р.И. била принудно земена од страна на постар маж од институцијата, кој со возило ја одвел во неговиот дом во друг град. Таму, таа била принудена на сексуални односи и физичка работа. Девојката успеала да избега по еден месец и да се качи во автобус за Скопје, по што полицијата ја пронашла на Бит-пазар. Меѓу другото, таа опишала дека претходно била однесена во „детски летен камп“ во Струга, заедно со други деца од државниот дом за згрижување. Таму, непознат маж сексуално ја злоставувал, пред да биде вратена назад во Скопје. Кога ги пријавила овие злоставувања кај згрижувачите од државната институција, била обвинета дека лаже и дека ги измислува настаните. Потоа, Р.И. била пренесена во друга државна институција за згрижување „Ранка Милановиќ“ во Скопје, каде открила дека останала бремена како резултат на сексуалното насилство.

ЕЦПР доби слични сведочења од две сестри коишто се исто така штитенички на домот за згрижување деца „25 Мај“, В.А. на возраст од 16 години и Л.А. на возраст од 13 години. И тие често исчезнувале од домот за згрижување деца, и на сличен начин, нивните исчезнувања не биле пријавени во полиција или на родителите. Според нивните искази, постар маж кој се идентификувал како вработен во Центарот за социјална работа ги земал од домот за згрижување и ги однел на старата железничка станица во Скопје, каде што сексуално ги злоставувал. Нивната мајка го пријавила случајот во полиција и ги однела на гинеколог, кој ги потврдил нивните наводи дека се сексуално злоставувани.

Врз основа на овие три случаи, ЕЦПР ги поддржува родителите на овие девојки во покренување судска постапка против државниот дом за згрижување деца „25 Мај“, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и Министерството за труд и социјална политика. Од ЕЦПР додаваат дека вложуваат напори сестрите да бидат вратени на нивната мајка, како што е наложено во судската одлука од 26 јануари 2018 год. Центарот за социјална работа одбива да ја почитува оваа одлука на судот и ЕРРЦ поднесе жалба пред Министерството за труд и социјална работа.

Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) ги повикува надлежните власти веднаш да реагираат и на оваа девојка да ѝ обезбедат соодветна медицинска грижа, да и се пружи помош во смисла на пост-трауматски психијатриски третман, да се преземат безбедносни мерки,  и да се врати во нејзиното семејство од кое била принудно одземена пред шест години, поради сиромаштија.

„Во најдобар случај, одговорните лица од овој дом за згрижување деца биле небрежни во однос на сексуалното злоставување што се случувало таму, а во најлош случај, тие се соучесници во делото“, рече претседателот на ЕРРЦ, Ѓорѓе Јовановиќ, додавајќи дека „овие девојки и нивните семејства се исклучително храбри во нивните напори да ги изведат пред суд одговорните кои дозволиле ова да се случува“.

Според барањето за слободен пристап до информации што го испрати ЕЦПР, две третини (22 од вкупно 32) деца кои се штитеници на домот за згрижување деца „25 Мај“ се од ромско етничко потекло. Доказите за систематско сексуално злоставување на ромските деца во оваа институција упатуваат на фактот дека сите овие деца се во опасност сè додека властите продолжуваат да го игнорираат она што се случува.

„Македонската влада продолжува да ги виктимизира ромските семејства кои живеат во сиромаштија со тоа што не успева да поведе истрага за нивната добросостојба и со тоа што останува слепа на злоставувањата. Во меѓувреме, денес во Скопје има една уплашена 13-годишна девојка на која ѝ е потребна итна медицинска, финансиска и семејна поддршка поради неуспехот на државните институции за згрижување да ја заштитат“, велат од Европски центар за правата на Ромите.

Дехран Муратов

Tags: абортусдом за децаЕЦПРСексуално злоставување
Share711TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ