• Latest

Трамп прави план за Израел и Палестина кој нема да им се допадне на двете страни

February 23, 2018

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Трамп прави план за Израел и Палестина кој нема да им се допадне на двете страни

February 23, 2018 14:34
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорката на САД во ОН Ники Хејли изјави дека првиот предлог за мировниот план за Блискиот Исток, кој го подготвува администрацијата на Доналд Трамп „нема да го сака“ ниту една страна.

Таа најави дека планот е „при крај“ и оти наскоро ќе биде претставен.

Одговарајќи на прашања на Институтот за политика на Универзитетот Чикаго, Хејли рече дека всушност мисли дека планот се завршува, но оти главните преговарачи на американскиот претседател Доналд Трамп, неговиот советник и зет Џаред Кушнер и Џејсон Гринблат „се уште одат напред-назад“ и не го обелодени датумот на објавување.

– Тие прават план. Нема да го сака ниту една страна и нема да го мрази ниту една страна, рече Хејли, но не откри што ќе содржи планот.

Таа исто така рече дека Палестинците се уште го застапуваат решавањето на деценискиот судир по модел на две држави и оти е на нив и на Израел да одлучат.

– На нив е да одлучат. Ако одлучат две држави, САД ќе поддржат две држави. Ако одлучат за одредени граници, САД ќе ги поддржат тие граници, одговори американската амбасадорка на прашањето на директорот на Институтот Дејвид Акселрод, поранешен висок советник на претседателот Барак Обама дали САД ќе предложат независна палестинска држава.

Акселрод праша дали таа би поддржала решение по модел на една држава.

– Тешко ми е да видим како тие би го сакале тоа. Мислам дека и едните и другите се залагаат за решение на две држави. Ние само ќе го поддржиме она што ќе одлучат да го прават, рече  Хејли, и додаде дека и Палестинците и Израелците заслужуваат подобро, а сега се во судир и тоа не е добра ситуација.

Таа смета дека лидерите би морале да ја потиснат на страна својата гордост и его и да мислат за својот народ и да му го подобрат квалитетот на живот, и оти тоа ќе се постигне со мир.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас во вторникот на седница на Советот за безбедност на ОН за Блискиот исток повика да се одржи блискоисточна мировна конференција до средина на оваа година.

Хејли на истата седница ја бранеше одлуката на Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел и ги предупреди Палестинците против „апсолутистички барања, реторика на омраза и поттикнување насилство“.

– Проблемот е што ОН повторно се покажаа како многу пристрасна организација кога се работи за Израел, рече таа оценувајќи дека тоа е факт кој влијаел проблемот потешко да се реши.

Според неа, САД знаат дека палестинските власти се многу несреќни поради одлуката да се пресели Амбасадата на САД во Ерусалим.

– Таа одлука не мора да ви се допаѓа, не морате да ја фалите. Не морате дури ни да ја прифатите, но знајте дека одлуката нема да се промени, рече американската амбасадорка.

Абас излегол од салата веднаш откако го завршил својот говор и воопшто не го слушнал ставот на Хејли.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Израел ПалестинаНики ХајлиТрамп
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ