• Latest

„Голем студ“ – дипломска претстава на студентите од одделот за драмски актери

March 26, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Голем студ“ – дипломска претстава на студентите од одделот за драмски актери

March 26, 2018 09:30
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На Малата сцена во Македонскиот народен театар вечер и утревечер од 19 часот премиерно ќе биде изведена  „Голем студ“ – дипломска претстава на студентите од одделот за драмски актери во класата на проф. Зоја Бузалковска и доц. Александар Степанулески на Факултетот за драмски уметности. 

Во класата се единаесет студенти: Сара Анастасовска, Сергеј Димовски, Григор Јовановски, Исидор Јованоски, Чедомир Митевски, Зоран Митровиќ, Душица Настова, Јаков Спасов, Петар Стојанов, Душица Тренева и Христина Цветаноска. Тие ќе настапат во две постави на изведбите на претставата денеска и утре.

„Голем студ“ е работена по сценариото на американскиот филм „The Big Chill“ од 1983 година на Лоренс Каздан и Барбара Бенедек.

МНТ наведува дека оваа претстава ја судира новата генерација драмски актери со голем предизвик и тешка актерска задача – низ  реалистичен пристап, во ритам препознатлив за филмскиот јазик и со леснотија во играта, да се обиде да раскаже сложена драмска приказна. „Голем студ“ е претстава за реконструкција на надежта и загатнува проблеми на секоја генерација, важни во секое општество во кое се случуваат драматични општествени превирања.

– Повеќе од тоа, дилемите ги надминуваат општествените прашања и задираат во најинтимното човечко, важно секогаш и секаде. Во момент кога животот со сета своја комплексност ќе нѐ натера да се прашаме до каде сме останале доследни на своите борби заложби, верувања и големи планови, а каде сме се изневериле себеси и своите идеали, останува да ги преиспитаме своите постапки и да се обидеме да ја реконструираме надежта дека нашите животи ќе ги поставиме на вистинските основи и дека за тоа не е премногу доцна, соопшти МНТ.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дипломски трудМНТПретставаФДУ
Share92Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result