• Latest

Записи од гимназискиот дневник на Ататурк

March 28, 2018
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
Фото: ФБ Мицкоски

Полицијата повика неколку лица на информативен разговор за националистичките скандирања на кошаркарскиот натпревар во Куманово

August 4, 2025
Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите

August 4, 2025

Десет дена и илјада потписи за Зелен Хуман Град да стане политичка партија

August 4, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Главната порака ќе им ја испратиме во октомври – им порачаа граѓаните на властите

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Записи од гимназискиот дневник на Ататурк

March 28, 2018 10:35
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве во Битола според востановената традиција беше одбележана годишнината од дипломирањето на  Мустафа Кемал Ататурк во битолската Воена гимназија (Идадија) во која тој се школувал три години, односно во периодот од 1896 до 1898 година. Според хроничарите, токму во Воената гимназија во Битола е создадена основата на неговото идејно созревање. Во своите мемоари од ученичкиот живот во Битола, Ататурк напишал… „Кога бев во средното училиште во Битола, упорно учев. Сите дававме се од себе за да ја завршиме учебната година први или втори во класот. Така го завршив военото училиште…“ во кое тој заедно учел со ученици од Битола, Скопје, Пеќ, Јанина, Солун, Велес…

Мустафа Кемал бил истакнат ученик со „Еполета број 7348“. Тој посебно го сакал наставниот предмет математика, но со идентична посветеност ги изучувал и другите предмети, особено историјата. Еден од неговите гимназиски другари за Мустафа напишал дека по карактер бил весел, многу читал и уште повеќе размислувал.

„Три пати повеќе време трошеше за размислување околу темата на книгата што ја читаше отколку за читање на истата, се посочува во публикацијата „Мустафа Кемал и битолската Воена гимназија“ која грижливо се чува во битолскиот Музеј“, истоветната зграда на некогашната Идадија.

Од гимназискиот дневник на Ататурк, посебно од втор клас кој го завршил во 1897-1898 и третиот завршен клас во 1898-1899 учебна година може да се прочитаат и анализираат сите негови оценки по одделни наставни предмети, а кои денес се јавно истакнати во битолскиот музеј. Инаку според тогашниот начин на оценување, највисоката оценка за главните предмети била 45, а за помошните предмети се добивала највисоката оцена 20. Во класниот дневник од втора година пишува дека Мустафа Кемал за тригонометрија имал оцена 45, геометрија 45, општа историја 45, композиција 44, француски 44, додека за помошните предмети, односно за цртање имал 20, подготвителен испит 20, фискултура 20. Според збирниот број на поени Мустафа Кемал бил трет во генерацијата со 283 поени, односно пред него биле Ахмет Тевфик од Солун и Реџеп Фахри од Јанина, а после Кемал, четврт во генерацијата бил Хасан Авни од Велес.

Предметите што Мустафа Кемал ги учел во третиот клас од битолската Воена гимназија и оценките што ги имал се следни: механика 45, космографија 45, општа историја 45, османлиска историја 45, композиција 45, логика 45, исламска доктрина 45 и француски јазик 45, додека за помошните предмети, односно за цртање имал 20 поени, оодготвителен испит 20 поени и гимнастика 20 поени.Третиот клас Мустафа Кемал го завршил како втор во генерацијата, веднаш зад Ахмет Тевфик.

Мустафа Кемал во интервју дадено за новинарот Ахмет Емин Јалман во 1922 година, поврзано со неговите сеќавања за неговиот ученички живот во Битолската гимназија рекол: „додека бев во Битолската воена гимназија учев со голема волја. Сите вложувавме силни напори да бидеме први или втори во класот…“.

Образованието што Мустафа Кемал го добил во битолската Воена гимназија позитивно влијаело во изградбата на неговата личност и карактер. Помошта и поддршката од офицерите и наставниците била драгоцена, а меѓу нив предничеле наставникот по математика капетанот Фаик Бермек беј, наставникот по композиција Мехмет Асим беј, наставникот по историја Мехмет Тевфик Билге беј…и други стручни наставници и познати педагози кои влијаеле врз неговата интелектуална свест. Но, во битолската Воена гимназија Мустафа Кемал стекнал и многу другари меѓу кои и Али Фетхи и Казим Фикри кои подоцна го поддржувале во Ослободителната војна и периодот на формирањето на Републиката. А, дека училиштето имало големо влијание врз Ататурк потврдува и неговата мисла во која вели „училиштето, младите мозоци ги учи да бидат хумани, да ги сакаат нацијата и татковината и да бидат горди и независни“!

Според бригадниот генерал Неџдет Туна, манифестациите по повод годишнината од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк во битолската Воена гимназија почнувајќи од 2010 година секоја година се одржуваат во Битолскиот музеј и ги пренесуваат длабоките траги на заедничката историја меѓу двете држави, а значајни сегметни од тоа сведоштво се поместени во „Спомен собата на Ататурк“ односно денешната музејска поставка отворена точно пред 20 години,во 1998 година од тогашните претседатели на Република Македонија, Киро Глигоров и на Република Турција, Сулејман Демирел.

Марјан Танушевски


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АтатуркБитолазаписитрадиција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ