• Latest

Џафери: Има излезни решенија за Законот за јазиците

March 29, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Џафери: Има излезни решенија за Законот за јазиците

March 29, 2018 11:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Има излезни решенија за законот за употреба на јазиците, што неодамна беше донесен во третата фаза и за кој претседателот Ѓорге Иванов најави нема да го потпише указот за негово прогласување, и истите се анализираат, денеска најави претседателот на Собранието, Талат Џафери.

– Кое решение ќе биде поприфатливо треба да се спроведе, рече Џафери, потенцирајќи дека во оваа фаза нема рокови во смисла на враќање на текстот во Собранието или, пак, негово упатување во „Службен весник“ за да стапи на сил.

Џафери на средбата со новинарите беше дециден дека нема уште еднаш да го потпише законот за тој да биде упатен во „Службен весник.

– Јас нема да се впуштам да ставам потпис под друго име, рече претседателот на Парламентот, но не беше прецизен дали законот би можел да биде испратен во „Службен весник“ без потпис од Иванов, односно само со еден потпис.

Повтори дека Иванов е должен да го потпише указот за законот и одговарајќи на новинарски прашања не откри кој се е вклучен во таа анализа како да се излезе од оваа ситуација со законот за употреба на јазиците.

Кажа дека усмено барал средба со претседателот Иванов, но дека од неговиот кабинет не добил одговор и оти по ова барање заминал на пат во Женева.

Според Џафери, со пуштањето од притвор на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за настаните од 27 април биле елиминирани аргументите за пратениците од оваа пратеничка група повеќе да не учествуваат во работата на Парламентот.

Според него, усогласени се најголем дел од законите во работните групи меѓу парламентарните партии и тој очекува од идната недела ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во работата на Парламентот.

Нов обид за средба во рамки на процесот „Жан Моне“, според претседателот на Парламентот, треба да има од 17 до 19 мај во Охрид. На оваа средба, како што беше претходно најавено, треба да се разговара за измените на Деловникот на Собранието, етичкиот кодекс и за други прашања за кои има оставено простор да ги отворат пратеничките групи.

Во однос на прашањето за намалување на патните трошоци на пратениците и евентуалната можност за користење на заеднички возила и државни станови, Џафери рече дека тоа е една алтернатива, но исто така потенцира дека пратениците ќе го постават прашањето и за другите именувани и избрани лица.

Според него, земањето надомест за патни трошоци за одење на работа во Парламентот не е привилегија, туку создавање услови да може институцијата да биде функционална. Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), според Џафери, треба да создаде услови и за пртениците како и за другите избрани и именувани лица.


Извор: МИА

Tags: закон за јазицирешениеТалат Џафери
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ