• Latest

Шабан и Боуви

April 18, 2018
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Шабан и Боуви

April 18, 2018 10:40
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Има нешто што ги врзува Шабан Шаулиќ и Дејвид Боуви, но, јас никако, барем засега не можам да откријам што е тоа. Еден ден ќе дознам, сто проценти сум сигурен во тоа.

Ок, приказната оди вака.

пишува: Војо Цветановски

Петок е, навечер. Пуштам музика во „Нано Бар“. Југословенски поп и рок од она убавото време, бидејќи, нели, јас уште се декларирам како Југословен и никогаш тоа нема да го променам. Го местам компјутерот на пултот. 21:15 е, треба да почнам за петнаесетина минути. Ми ѕвони телефонот. Енко. Кревам.

„Слушај“, ми вели „Сабајле у пет идам за Софија да ги земам Mr. Ziggy and the Glass Spiders, (TRIBUTE TO DAVID BOWIE) бендот од Рим треба да слетаат. Ќе дојдеш со мене?“

„Ќе дојдам“, велам „Во „Нано Бар“ сум морам да почнам сега. Биди у пет кај мене пред зграда. Ај чао“.

Журката помина топ. Се изнаигравме до 1 часот. Потоа веднаш заминавме дома. Во три легнав во четири и пол станав. Набрзина се облеков, го испив кафето набрзинка и слегов долу. Енко веќе беше на паркингот кај мене пред зграда. Изнајмил комбе. Влегувам. Во комбето има гајба пиво, две шишиња ракија и од радио-приемникот свири песната од Шабан Шаулиќ. „Доџи да остаримо заједно“. Тргнавме за Софија. Одиме да го земеме Дејвид Боуви. Енко вози полека. Песнава свири ли свири, ко да нема крај. И некаде пет минути откако тргнавме Енко со блага насмевка на лицето изговара само едно прашално „А?“, и со главата посочува кон радиото во колата. На лицето изразот му кажува дека ја очекува мојата реакација за музиката со која ме пречекува.

„Шабан е цар бе“, му велам „Ама ние идеме по Дејвид Боуви“.

Во Софија стигнавме во 10 часот. Веднаш одиме на аеродромот. Летот од Рим е во 11:50 буграско време, наше 10:50. Се паркираме и одиме на терминал. Чекаме. Авионот слета. По половина час чекање прво од вратите излезе Дејвид Боуви. Јас го пречекувам со лист хартија на кој пишува MR Ziggy. Ми се насмевнува и ми подава рака. Силно ме стисна.

„Стефано“, вели.

„Војо“, возвраќам.

„Морам да одам да пушам цигара. Другиве доаѓаат за пет минути. Ве молам почекате ги тука“, учтиво ме замоли Дејвид Боуви тука да му го пречекам бендот и излезе од терминалот. Дечкиве дојдоа за пет минути. Се избацивме на терминалот како цел живот да се знаеме. Се качивме во комбето и тргнавме накај Скопје. Стефано личи на Дејвид Боуви, ама ептен. Се договоривме да јадеме во Македонија, подобра е храната таму им реков и не ми требаше многу за да ги убедам. Се согласија. За три часа стигнавме во Македонија, некаде околу 14:20. Седнуваме во кафаначето на еден мотел кој е веднаш после граница. Не знам како се вика. Во кафанчево има само една маса полна на која седат Бугари од Србија, а од радиото свири песната „Доџи да остаримо заједно“ од Шабан Шаулиќ.

„А?“, ми вели Енко, повторно со блага насмевка на лицето.

„Шабан е цар бе“, му велам „Ама ние сме со Дејвид Боуви.“

Во Скопје стигнавме во 17 часот. Точно за тонската проба.

Mr Ziggy and the Glass Spiders пробаа тонски и отидоа да се одморат од патот, а и да се подготват за настапот вечерта.

Малата сала на ВИП Арена „Борис Трајковски“ пополека се полнеше. Јас и Драган седнавме на трибините, блиску до бината. Пред да почне концертот се емитуваше документарниот филм за Дејвид Боуви. Енко седна до мене на столчето. И пред да ми каже дека после концертов веднаш оди за Солун да ги однесе на аеродром бидејќи оттаму летаат назад за Рим, на човекот кој седеше веднаш над мене му заѕвони телефонот со песната „Доџи да остаримо заједно“ од Шабан Шаулиќ. Енко ме погледнува и со блага насмевка на лицето ми вели: „А?“ Се насмевнувам.

„Шабан е цар бе“, му велам „Ама ние чекаме да почне концертот на Дејвид Боуви.“

Концертот беше одличен. Додека го гледав Стефано на сцена имав чувство како навистина Дејвид Боуви да е пред мене. После концертот сакав да појдам со нив на пијачка и да направам мала шега на оваа тема во која ќе го прашам Стефано, дали посетил некоја скапа клиника каде му е направена вака прецизна операција за тој толку многу да личи на Дејвид Боуви. И во глас и во однесување, а и надворешниот изглед му е ист како на Боуви.

Преморен бев, немав сила за ништо. Цел ден ми се фати да сум под некаква блага тензија. Одлучив веднаш да фатам такси од пред сала и да заминам дома. Таксито веќе беше тука. Седнав одзади. Тргнавме. Шок во таксито за мене. Од радиото свиреше песната „Доџи да остаримо заједно“ од Шабан Шаулиќ. Се насмевнав. Таксистот ме виде и се сврте кон мене.

„Шабан е цар бе“, ми вели „Ама во салава до сега свиреше Дејвид Боуви.“

Помислив. Неверојатно е ова. Цел ден ме прати приказнава. Има нешто што ги врзува Шабан Шаулиќ и Дејвид Боуви, но никако, барем засега не можам да откријам што е тоа. Еден ден ќе дознам, сто проценти сум сигурен во тоа.

Две недели подоцна со Енко одиме тој да ги договори настаните (tribute to Red Hot Chilli Peppers) кој ќе се случи повторно во малата сала на ВИП Арената – Борис Трајковски на 12 мај и (tribute to Beatles) за кој бевме да ја видиме салата во Дом на АРМ, веројатно на 18 или 19 мај, уште не е договорено. Енко сака Битлси да бидат на седење. Ок е салата. Јас работев во неа пред извесно време, сепак тој одлучува за неговите настани.  Тргнавме накај дома. Колата е паркирана на паркингот кај Рамстор.

„Ајде дојди да пресечеме од онде поблиску е“, му велам.

И одиме од кај што е поблиску. По пат налетуваме на тараби кои се тука со години за една зграда која веројатно никогаш нема да се заврши, а на тарабите еден врз друг плакатите за концертот на Дејвид Боуви и плакат за концертот на Шабан Шаулиќ.

„А?“, ми вели Енко со блага насмевка на лицето.

„Шабан е цар бе!“, кусо одговорив.

Tags: Дејвид БоувиШабан Шаулиќ
Share44TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ