• Latest

„Пријателство“ конечно комплетен автопат од Табановце до Богородица

April 24, 2018
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Пријателство“ конечно комплетен автопат од Табановце до Богородица

April 24, 2018 07:42
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Наместо за 40 минути од Демир Капија до Смоквица ќе се патува за 15 минути. По новите 28 километри автопатска мрежа ќе се вози од денеска, откако вчера на свеченост беа ставени во употреба по шест години изградба. Со тоа автопатот „Пријателство“ се комплетираше целосно на потегот од Табановце до Богородица.

Истовремено со пуштањето на автопатот стартуваше кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“ посветена на инвестиции во  транспортната инфраструктура.

– Овој автопат поврзува и води кон ЕУ. Оваа делница од автопатот „Пријателство“ во себе ја има вградено искрената приказна за поддршка и соработка, порача премиерот Зоран Заев.

Според генералниот директор за соседски политики и преговори за проширување во Европската комисија Кристијан Даниелсон, транспортното поврзување на регионот останува приоритет за ЕУ.

– Транспортот ќе биде главната тема и на следниот Самит во Софија и ќе докажеме дека само преку подобро поврзување и подобри транспортни услови ќе успееме да ги поврземе луѓето и државите, истакна Даниелсон.

Македонија, како што оцени министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, доби нова модерна и безбедна автопатска делница, проектирана и изградена согласно европските норми и стандарди за заштита на животната средина со сите потребни карактеристики за безбедност.

Автопатската делница ја почна претходната власт во 2012 година, а ја става во функциона сегашната. Шестгодишните активности на терен ги одбележаа обвинувања и критики меѓу двете гарнитури.

Од СДСМ како поранешна опозиција упатуваа прашања околу изборот на фирмата изведувач на градежните работи – грчки „Актор“ и износот на инвестицијата, додека пак, од поранешната владејачка ВМРО-ДПМНЕ по заминување од власт минатата година ја обвинија новата Влада дека е неспособна да пушти готов проект.

Во октомври лани Владата со анекс на договорот за изградба го продолжи рокот за завршување на автопатот до февруари годинава за да се завршат градежните зафати за изградба на Контролниот центар кај Неготино и за дислоцирање на далноводот на МЕПСО. Специјалното јавно обвинителство минатиот месец објави дека отвора истрага по име „Актор“ за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица во однос, како што тврдат, на фаворизирање на „Актор“ на тендерот, а во случајот има сомнение и за перење пари.

На автопатската траса во вредност од околу 230 милиони евра се изведени над осум милиони метри кубни високи насипи и длабоки ископи во теренот, шест моста, два тунела  од по 1,2 километри, две сообраќајни клучки кај Миравци и кај Смоквица, сто канали…

Поставено е современо енергетско и ефикасно осветлување во тунелите, како и системи за вентилација и детекција и гаснење на пожар, за резервно напојување со електрична енергија, како и SCADA систем за мониторинг и управување со сообраќајот.

На автопатот треба да има две патарини, кај Гевгелија и кај Демир Капија. Безбедноста и управувањето на сообраќајот ќе се следи преку Контролниот центар кај Неготино.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера на прес-конференција соопшти дека тие го почнале проектот и оти пуштањето на автопатот Демир Капија – Смоквица доцни осум месеци.


Извор: МИА

Tags: автопатДемир КапијаСмоквица
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ