• Latest

Мета на заедничка вечера со Патријархот Кирил

April 30, 2018
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мета на заедничка вечера со Патријархот Кирил

April 30, 2018 09:31
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Хармонијата, взаемното почитување, толеранцијата, разбирањето и солидарноста се карактеристиките на односите помеѓу верските заедници во Албанија  и најскапоценото богатство на историското и националното наследство на земјата. Религијата никогаш не треба да се користи во служба на насилни идеи и цели.

Таа порака ја упати  албанскиот претседател Илир Мета синоќа  на официјалната вечера што ја приреди во чест на Патријархот московски и на цела Русија Кирил по повод неговата историска посета на Албанија.

– Живееме во тешко време на социјални пресврти и брза трансформација на технологија и комуникација кои се секојдневен предизвик на секој поединeц, семејства, општества, влади, држави и верски институции. Јазикот на омраза, насилство, нетолерантни акти, манифестации на дискриминација врз основа на верски и етнички предрасуди, тероризмот, екстремизмот, конфликти и војни со тешки хуманитарни последици денес се се најголема опасност за човештвото. Религијата и вероисповеста имаат незаменлива улога во изградбата на траен и универзален мир меѓу луѓето и народите. Религијата никогаш не треба да се користи во служба на идеи и насилнички намери. Таа треба секогаш да им служи на мирот, љубовта, солидарноста и хармонијата,бидејќи како што не учат светите книги, Бог е мир а не насилство, рече Мета искажувајќи искрена радост и задовлство од престојот на Патријархот Кирил во Албанија.

Патријархот Кирил ги нагласи добрите односи меѓу двете православни цркви, но и меѓу верските заедници и државата во Албанија.

– Ова е прва посета  на Албанија во историјата на приматот на Руската православна црква. Но, и покрај тоа, Православните Цркви на Русија и Албанија имаат долга традиција на најдобри односи. Нашите цркви не само што споделуваат заеднички верувања и имаат преживеано слични искуства од суровите прогони во дваесеттиот век,  исто така имаат и заеднички ставови во врска со главните прашања денес, демонстрирајќи го единството на Православието. Неговото блаженство, архиепископот Анастас Јанулатос останува секогаш љубен и скап пријател на Русија. Чувствувам посебно задоволство во душата поради високото ниво на односите меѓу црквата и државата во Албанија.Тоа не само со православната црква туку и  сите други верски заедници кои се верни партнери со државата во каузата за зацврстување на моралот во оштеството. Тоа е предуслов за хармонија меѓу луѓето и меѓу разните општествени групи, порача патријарх Кирил, заблагодарувајќи се за срдечниот пречек и посакувајќи мир и благосостојба за граѓаните на Албанија.

На вечерата, освен поглаварите на црвите на двете земји,присуствуваа и претставници на другите верски заедници во Албанија, на владата,како и рускиот амбасадор во Тирана.

Рускиот великодостојник денеска ќе има официјални средби со претседателот Илир Мета и премиерот Еди Рама, а пред заминување  ќе го посети и новиот манастир „Св. Влаш“ во близина на Драч и Теолошката православна академија која се наоѓа во кругот на манастирот.


Извор: МИА

Tags: АлбанијаМетаПатријарх Кирил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ