• Latest

Ден на полицијата – зајакнување на врската со граѓаните

May 7, 2018
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Македонија или ЕУ

September 27, 2026

Кога ВИ-агентот ја бара заобиколната врата: Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 26, 2026

Нема добар ПР за лоша политика

September 26, 2026
Олександар Левченко

Руската флота во сенка ги заобиколува санкциите преку Ламанш

September 26, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи: МВР соопшти дека ИНТЕРПОЛ не бил вклучен, причината за полициското постапување останува необјавена

September 26, 2026
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ден на полицијата – зајакнување на врската со граѓаните

May 7, 2018 12:10
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со положување цвеќе и оддавање почит на спомениците на загинатите припадници на македонските полициски сили, како и со доделување благодарници за добро работење на македонскиот полициски врв денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи беше одбележан 7 мај – Денот на македонската полиција.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на денот на македонските полицајци им додели благодарници на заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, на државната секретарка Магдалена Несторовска, на директорите на БЈБ и УБК, Лазо Велковски и Горан Николовски и нивните заменици.

Спасовски ги прими и претставниците на семејствата на загинатите припадници на македонската полиција.

Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција.

Под мотото „Полицијата за граѓаните“ МВР во петокот почна одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција со тактичко-показна вежба на припадниците од Единицата за специјални задачи, која во три различни ситуации ги демонстрираа тактичко-техничките способности во касарната „Ѓорче Петров“.

Централната манифестација се одржа вчера на градскиот стадион во Штип, каде припадниците на МВР ги презентираат своите можности преку повеќе показни вежби.

Припадниците на Единицата за специјални задачи, езерската полиција и хеликоптерската единица во саботата во рамки на одбележувањето презентираа дел од своите професионални можности. Тие изведоа тактичко-показна вежба со напад на пловен објект поради совладување и лишување од слобода на опасни лица.

Спасовски напомена дека врската меѓу граѓаните и македонската полиција треба да се зајакне и да се обнови со цел да се зголеми безбедноста во земјава.

Министерот Спасовски вчера на централната свеченост во Штип рече дека преку реформските процеси МВР ја враќа довербата кај граѓаните, а најави и дека од 1 декември годинава 4.900 полицајци ќе добијат покачување на платата.

Зборувајќи за минатогодишните насилства во Собранието, Спасовски кажа дека извршителите и креаторите не смеат да останат неказнети, а како што рече, особено оние кои ја злоупотребија полицијата и се обидоа да ја свртат против својот народ.

Денот на полицијата го честита и премиерот Зоран Заев, кој порача дека по сите премрежија и предизвици со кои се соочија службите во МВР „успеавме да ја вратиме основната функција на оваа служба да биде најцврстиот столб кој ја гарантира државноста, јадро на сигурноста и безбедноста на Република Македонија и во исто време полиција, пријател и заштитник на граѓаните“.

Новата цел, нагласи премиерот е полициските и безбедносните служби да ги достигнат западноевропските професионални служби.

Многу е важно, потенцираше тој, Македонија да ги професионализира и да ги деполитизира службите и да изгради систем кој ќе ги осигура основните функции на полицијата независно од промената на политичките раководства на власт. (МИА)

Tags: активностиден на македонската полицијаодбележување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ