• Latest

Обвиненија против 12 лица за смртта на Тамара

May 7, 2018

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори

October 23, 2025

Зеленски ја повика ЕУ да ги ослободи замрзнатите руски пари за одбрана на Украина

October 23, 2025

Самит на ЕУ: Зајакнување на европската одбранбена индустрија, зголемување на инвестициите во заеднички развој, производство и набавка за потребите на одбраната

October 23, 2025
Фотгорафија: Влада на РСМ

Мицкоски: Нема предвремени избори, не ги посакувам и сметам дека се непотребни

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ѓорѓиевски и Лабудовиќ го чистат Скопје; Димитриевски ветува паркинг и парк на иста локација; Милосим Војнески, кадидат за градоначалник во Македонски Брод се повлекува од изборната трка

October 23, 2025
screenshot-X-EP

Што содржи најострата резолуција за Србија досега усвоена од Европскиот парламент 

October 23, 2025

Пукал од БМВ додека одел на свадба во Желино – полицијата го уапси кога се пофалил на социјалните мрежи!

October 23, 2025
Фото: wikimedia commons

Амбасадорката Дир: САД воведоа санкции против енергетскиот сектор на Русија, дизајнирани да го зголемат притисокот за постигнување вистински мир

October 23, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најмалку 40 мигранти, вклучувајќи бебиња, загинаа при потонување на брод кај Тунис

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Обвиненија против 12 лица за смртта на Тамара

May 7, 2018 17:05
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен предлог против 12 лица за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 2, во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти обвинителството. 

Обвинителството постапуваше по предметот оформен по допрен глас, кон кого подоцна беше припоена и кривичната пријава поднесена од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и законскиот застапник на оштетеното дете, сега починатата Тамара Димовска од Велес.

„Во текот на истрагата, надлежниот јавен обвинител ја побара и обезбеди целокупната документација поврзана со лекувањето на ова дете и тоа од повеќе институции – Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, Министерството за здравство, Универзитетската клиника за детски болести, ЈЗУ ТОАРИЛ УЦ, ПЗУ „Филип Втори“ – Скопје и Општата болница во Велес. Истовремено, преку Основното обвинителство Велес, кое ја нареди обдукцијата на починатото девојче, беше преземен и секциониот протокол со кој од страна на Институтот за судска медицина се утврдува конкретната причина за смртта на Тамара Димовска“, стои во соопштението на ЈОРМ.

Јавниот обвинител, во текот на истражната постапка, ги испита членовите на Стручниот колегиум – потписници на Предлогот за упатување на лекување во странство, претставник на Фондот за здравствено осигурување, секретарите на Комисиите на Фондот (првостепена и второстепена), директорот на ЈЗУ ТОАРИЛ УЦ, како и членовите на првостепената и второстепената комисија, кои одлучувале при донесувањето на негативното мислење за упатување на овој пациент на лекување во странство.

Од Институтот за судска медицина и медицинска деонтологија беше побарано да изврши и дополнително вештачење за да се утврди поврзаноста на конкретната причина за смртта кај Тамара Димовска со нејзината општа здравствена состојба. Надлежниот јавен обвинител ја испита и мајката на сега починатото дете.

Како резултат на многубројните спроведени истражни дејствија во една темелна и сеопфатна преткривична постапка, беше утврдено дека сега обвинетите пет члена од Првостепената лекарска комисија за одлучување по правото на лекување во странство, во рамките на Фондот за здравствено осигурување го донеле првичното негативно мислење за лекувањето на Тамара Димовска. Мислењето дека не се исцрпени можностите за лекување на пациентот во Република Македонија тие го донеле по истекот на законски предвидениот рок и е спротивно на мислењето на Стручниот конзилиум на УК ТОАРИЛ УЦ. Притоа предвид ја зеле изјавата на тогашниот министер за здравство кој најавил дека пациентите со деформитет на ’рбетот во иднина нема да одат да се лекуваат во странство, затоа што оперативните зафати ќе се вршат во новоформиран Спинален центар на Клиниката за ортопедски болести во Скопје. Постапувајќи по ваквото мислење, двајца од обвинетите во својство на директори на Фондот за здравствено осигурување донеле Решение со кое барањето за лекување во странство се одбива како неосновано. Истото Решение било потврдено и од сега обвинетите членови на Второстепената лекарска комисија, а конечно потпишано од обвинетото лице во својство на претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, без притоа да се одржи седница на Управниот одбор.

Постапувајќи во истиот предмет, надлежниот јавен обвинител донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава за две лица за кривичното дело Несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и за едно лице кое се товареше за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За овие три лица беше утврдено дека немале овластувања да одлучуваат и не учествувале во одлучувањето за лекувањето на починатото дете.

К. С.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: #ТамаралекувањеобвиненијаОЈО
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    183 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ