• Latest

И општините да повлекуваат средства од ИПАРД

May 15, 2018

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

И општините да повлекуваат средства од ИПАРД

May 15, 2018 11:06
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

И општините да се насочат кон повлекување на ИПАРД средствата зашто Програмата овозможува реализирање голем број мали проекти од 10.000, 20.000 и 50.000 евра, беше речено на денешната конференција за менаџирање и искористување на ЕУ фондовите во Стопанската комора на Македонија.

Според словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, не е лесно да се дојде до европските пари зашто процедурите се комплексни и бирократски комплицирани. Оттука, е неопходно конкретно знаење, но и конкретна помош на терен.

– Идниот месец во Македонија ќе дојде словенечки тим кој ќе ги пренесе нашите искуства, ќе овозможи ноу-хау кој и е потребен на Македонија за ефикасно искористување на ЕУ фондовите, нагласи Јазбец.

Директорот на Платежната агенција на Македонија, Николче Бабовски рече дека е најдобро земјава да се фокусира на правење добар, квалитетен и конкурентен производ кој ќе и овозможи и на преработувачката индустрија да повлече што повеќе пари.

Како што информира Бабовски, за ИПАРД 2 досега се потпишани преку 100 договори за повеќе од 4,6 милиони евра кофинансирање, најмногу во преработувачката индустрија и за обнова на земјоделската механизација.

Доректорот најави дека за еден до 1,5 месец ќе биде распишан нов повик.

– Интересот е голем и кај земјоделците и кај преработувачката индустрија, а тоа го потврдува и бројот на апликации кои на првиот повик од ИПАРД 2 достигна 1.648. Ќе направиме се за максимално да ги искористиме средствата од ЕУ, потенцира Бабовски.

На конференцијата во Стопанската комора беше нагласено дека Платежната агенција на Словенија 99,9 отсто е компјутеризирана и работи електронски.

– Го поедноставивме процесот со што сите наши корисници добиваат информации веднаш. Се врши и тн.крос-чекинг, рече директорот на Агенцијата за земјоделство и рурален развој на Словенија, Бенедикт Јеранко.

Македонија до 2020 година има на располагање вкупно 80 милиони евра за земјоделството од кои 60 милиони европски пари и 20 милиони домашна поддршка.

Во обраќањето на конференцијата директорот на Платежната агенција Бабовски потсети дека изминатите години Македонија не може да се пофали дека ги искористила средствата од ИПАРД зашто повлечени биле само 17 отсто, а тоа Европската комисија во последниот извештај за напредокот го квалификува како незначително.

– Слабата екипираност, недоволната информираност и едукација на земјоделците беа клучните причини за слабото искористување на европските пари. Новата Влада го препозна ова и веднаш се зафати со надминување на слабостите, подвлече Бабовски додавајќи дека на македонскиот аграр му е неопходно модернизирање со паралелно прилагодување кон европската регулатива.

(МИА)

Tags: ЕУ фондовиИПАРДконференцијаопштиниСтопанска комора
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ