• Latest

„Македонистички денови во МАНУ“

May 16, 2018
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Македонистички денови во МАНУ“

May 16, 2018 13:18
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународна научна манифестација „Македонистички денови во МАНУ“ се одржува денеска и утре во Скопје, во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика (ИЦАЛ) и Македонската академија на науките и уметностите. Учествуваат проминентни македонисти и слависти од многу земји во светот.

– Овој тип настани се извонредно значајни бидејќи придонесуваат за научна обработка на македонскиот јазик, за негово систематско проучување и негова меѓународна афирмација. Во програмата на МАНУ посебно место е обезбедено на научната обработка на македонскиот јазик. Значајно внимание ќе се посвети на придонесот на нашиот познат лингвист, македонист, славист, академик Божо Видоески, рече претседателот на МАНУ, Таки Фити.

Отец Јован Таковски, професор во пензија на Богословскиот факултет – Скопје рече дека на неговите студенти им нагласува дека тие мора да се обидуваат како идни свештенослужители, наставници, професори во практиката да се служат со литературниот македонски јазик.

– Македонскиот современ јазик води потекло од старо македонскиот, старословенскиот јазик. Нашиот современ јазик е наследник на јазикот на светите браќа Кирил и Методиј кои првите службени книги ги пишувале, ги преведувале на јазикот на Македонците од околината на Солун. Со текот на времето јазикот еволуирал. Тогаш јазикот имал падежи кои го голем дел исчезнале, но сепак се задржале падежни форми особено од личните заменки. Се потфрла во употребата на предметните форми на личната заменка особено за женски род. Таму каде треба да се употребува акузатив, се употребува датив – наместо „ја видов неа“, се употребува „ја видов нејзе“…, рече Таковски.

Во рамки на манифестацијата беше презентиран и новиот интернет портал Дигитални ресурси на македонскиот јазик, кој содржи над 50 дигитализирани стари книги, граматики на македонскиот јазик, монографии, споредбени студии, база на ресурси за македонски електронски корпус, како и повеќе од 4.000 страници дигитализиран дијалектен материјал од целата јазична територија на Македонија.

Манифестацијата продолжува и утре кога ќе се одржи меѓународната научна конференција „Динамиката на македонскиот јазик“, посветена на анализата на динамичниот карактер на македонскиот јазик и неговата специфична структура. Професорот Мотоки Номачи од Универзитетот во Хокаидо, Јапонија првпат ќе го претстави ракописот на необјавената „Граматика на македонскиот јазик“ од акад. Самуил Б. Бернштејн, која е напишана во 1947 година и повеќе од 70 години се сметаше за загубена. (МИА)

Tags: манифестацијаМАНУ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ