• Latest

Евроинтеграциите на Западен Балкан – перспектива без јасна динамика

May 27, 2018

Илјадници Израелци во Тел Авив повикаа да се стави крај на војната во Газа и да се ослободат заложниците

August 10, 2025

Протестот во Кочани пред полицијата: „Вие сте виновни за смртта на нашите деца“

August 10, 2025

Трамп ја номинираше портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус за заменик-претставник на САД во ОН

August 10, 2025

АВМУ ќе врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период

August 10, 2025

ДИК го утврди упатството за утврдување на цените за платено политичко рекламирање во медиумите за локалните избори

August 10, 2025

Стармер и Макрон ќе работат за праведен и траен мир во Украина

August 10, 2025

Си-ен-ен: Планот на Нетанјаху за преземање на Газа не задоволува никого освен него самиот

August 9, 2025

ДИК го усвои календарот за локалните избори: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември

August 9, 2025

ЦУК: Вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се изгаснати, а три сè уште активни

August 9, 2025

Внатрешна контрола на МВР го проверува постапувањето на полициските службеници за време на претресот во Демир Хисар

August 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Евроинтеграциите на Западен Балкан – перспектива без јасна динамика

May 27, 2018 10:46
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Европа денес треба да ја изнајде вистинската патека на својот иден развој распната помеѓу потребата за внатрешни реформи, зајакнување на улогата на меѓународната сцена, справување со модерните безбедносни ризици и продолжување на проширувањето, процес за кој Западниот Балкан не гледа друга алтернатива.

еу патување

Ив Бертончини претседател на Европското движење на Франција на дебата за време на своето гостување во Македонија истакнува дека во досегашност процес на градење на Европа клучни се Конгресот од Хаг од 1947 година и Мастришкиот договор 1992 година, а денес, вели, го живееме третиот момент важен за изградбата на Унијата затоа што повторно постојат геополитички бранувања.

– Британците, за жал, си одат и, според мене, не ќе стигнат многу далеку. Oд друга страна, ги имаме Путин и Трамп, двајца нови актери кои, сепак, влијаат на европскиот континент. Во услови на една агресивност што постои од руска страна, која можеби не е толку јака ниту идентична како онаа која што ја поседуваше Сталин. И од друга страна ги имате САД кои од секогаш поддржувале обединување на Европа, но сега се соочуваат со претседател кој не толку посакува обединета Европа, истакнува Бертончини.

дебата ив тимоние османи

Тој потсетува дека еден од првите состаноци кои Трамп ги имаше со европејците беше со Најџел Фараш, поранешен лидер на британската антиевропска десничарска партија УКИП.

– Се разбира, нема сомнеж дека САД остануваат наши сојузници, но и Европа е повторно соочена на геополитички план со одредена нестабилност и како што кажа Ангела Меркел конечно Европа треба да научи да си ја презеде судбината во свои раце. Навистина тој контекст за зајакнување на ЕУ ќе биде уште позначаен кога ќе влезе Македонија и целиот Западен Балкан. Дури тогаш тој контекст на зајакната ЕУ ќе има смисла, вели Бертончини.

ив бертончини

Од геополитичка гледна точка кога од една страна го имате Путин, а од друга страна Ердоган, кои се обидуваат да одиграат своевидна игра на дестабилизација на овој регион, а згора на тоа Европејците кои се соочени со хаосот, кој го предизвика во Унијата тероризмот и неконтролираната миграција, за да може да бидеме посилни, вели, не обврзува нас Европејците по природа на нештата да соработуваме со целиот овој регион. Ако сакаме навистина посилен регион тоа ќе се случи кога овие земји ќе бидат составен дел од ЕУ, дециден е Бртончини.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Осмни смета дека со кумулативниот извештај на ЕК Македонија стана прва во регионот и по исполнување на политичките критериуми, на економските критериуми но и по хармонизацијата на законодавството, а јасноста на европската перспектива е единствениот двигател за трансформација на општеството.

– Ние овој процес го правиме за нас, но тоа што е важно е дека европскиот дух, европските цели, европската перспектива стана единствен двигател, единствено гориво за трансформација на општеството. Јасноста на европската перспектива е во директна корелација со однесувањето на политичарите овде, рече Османи наведувајќи дека тоа го потврди и длабоката политичка и институционална криза во земјата која ја надминавме.

Според него, и покрај предизвиците што ЕУ ги има со Брегзит, национализмот, популизмот…, и покрај поединечните дилеми што ги имаат земјите членки во однос на проширувањето во целина, нашиот аргумент е дека членството на Западен Балкан во ЕУ не претставува проширување туку консолидација на Унијата.

– Тоа е консолидација на ЕУ, консолидација на Европа. Западниот Балкан е опкружен со земји на ЕУ, на НАТО и вие не смеете да оставите „црна дупка“ во регионот, оти тие во себе ги всмукуваат позитивните случувања, вели Османи.

Бујар Османи

Изрази задоволство што од Стратегијата на ЕУ членството на Западниот Блакан е претставено како политичка, економска и безбедносна инвестиција во Унијата, а тоа, вели, го докажавме и за време на мигрантската криза и денес во услови на заострени геополитички односи, но и во иднина.

– Затоа членството на Македонија во ЕУ е вин-вин ситуација и за нас и за Унијата. Тоа е природен процес, затоа што и географски и исторуиски и културно и во системот на вредности сме тука и сме дел од Европа, но сфаќаме дека за членство во ЕУ треба да се смениме и покажуваме дека тоа го правиме, вели Османи.

Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние истакнува дека досегашниот историјат на ЕУ е историјат на градење и потсетува дека Европа значи храброст, голема неопходност од обединување околу заеднички опасности, а сега, вели, Европа бара храброст кај самото население за надминување на предизвиците.

– Денес на таа лекција постојано не потсетува претседателот Макрон, затоа што не можеме да бидеме задоволни од Европа таква каква што е денес. Тоа значи дека ќе треба да подадеме рака на оние што доаѓаат кај нас, иако нивниот пат не е воопшто лесен, оти сосема е јасно дека бараме многу. Бараме многу и од нас самите, затоа што реформите кои во моментот се спроведуваат во Франција создаваат тензии, вели Тимоние.

Кристијан Тимоние

Во однос на евроинтеграциите на земјата истакувна дека новите власти ги очекува огромна работа на реформите, како и умешност за градење компромис затоа што, вели, кога ќе бидеме дел од ЕУ постојано ќе бидеме изложени на изнаоѓање постојани компромиси, оти тоа е базата на која секојдневно функционира Европа.

– Европа е приказна за заеднички пазар, но не само за пазар. Европа е исто така, и приказна која прираснува при срцето. Тоа го видов последните месеци кај сите оние кои неуморно работат за постигнување на таа цел, кои покажаа и сила и храброст да стигнат до таа цел. Имаме различни идеи во однос на хронолошкиот распоред, но немаме разлики во однос на целта, рече францускиот амбасадор Тимоние.

Виолета Геров

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕвроинтеграциитеЗападен Балканјасна динамикаперспектива
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ