• Latest

Во бегство за живот: истрајноста на еден Курд бегалец

May 31, 2018
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во бегство за живот: истрајноста на еден Курд бегалец

May 31, 2018 14:08
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Се викам Али и имам 29 години. Доаѓам од Курдистан, регион во Ирак. Ја напуштив својата земја пред 8 месеци, транзитирав преку Јордан и потоа Турција, каде останав околу месец и 20 дена. Се соочив со многу проблеми кога имаше полиција, некогаш ги удираа луѓето, но обично не ги допираа семејствата, децата, жените или лицата со попреченост.

Околу осум пати ме фати полиција, четири пати на турската граница и четири пати на грчката граница. Затворот не беше затвор, туку повеќе беше како штала за животни. Една бисквита на ден, еден сок на ден. Доколку добиеш леб, тој е многу тврд или со истечен рок. На грчката граница се соочивме со истото. Кога не фатија, фрлија се што имавме, сите телефони ги фрлија во водата.

Има нешто што се случи во Грција, никогаш нема да го заборава. Бевме 122 лица, ја преминавме водата и кога дојде полицијата, сите избегаа. Само 20 лица беа фатени, од кои 4 беа жени. Командирот рече: ,,Ве молам не гледајте кон нас, свртете се кон ѕидот.”

Знаев дека ги допираа жените, бидејќи потоа, една жена ми кажа. Кога нејзиниот сопруг ја праша што `и направиле, таа рече дека ја удриле по задникот и `и ги допирале градите… Тоа беше многу лошо… Исто така, на грчката граница, чекавме со 80 луѓе, сите во една соба… Не можевме да седнеме, мораше да стоиме… Ја затворија вратата и ја држеа затворена 24 часа… Жените не можеа да одат во ве-це, мораа да ја користат својата шамија за нужда… Жените мораа да го прават ова пред полицајците и сите мажи кои беа во собата…Затоа сите жени или мораа да издржат да не вршат нужда или… знаете… Исто така, имаше многу мали деца, едно малечко девојче плачеше многу за млеко… Па го замолив командирот да донесе млеко, но не ми одговори… Поради тоа што добро зборувам англиски, јас бев преведувач за сите таму… Па можев да посведочам и да слушнам за сите проблеми…

Една жена имаше рак и дијабетис, не можеше да седи во собата преполна со луѓе, но кога го замолив командирот (таа му ги покажа и нејзините медицински документи), тој рече: ,,Лаже. Не ми е гајле за медицинските документи, можеби ги добила од нејзин роднина којшто е лекар, можеби документите се лажни, не го разбирам курдскиот јазик.” Му реков дека се колнам дека точно ги преведувам курдските документи… Навистина страдавме многу во затворот, и на турската и на грчката страна… Се сеќавам на едно семејство, двајца родители и 3 деца од Халабџа, Курдистан. Имаа златен накит (белегзии, ѓердан итн.) Грчкиот командир им ги провери работите и го зема златото. Рекоа дека ќе им го вратат златниот накит кога ќе ги ослободат. Но, никогаш не го направија тоа. Тоа беше се што имаше семејството, немаа никакви пари, па затоа кога ги ослободија, семејството побара да биде депортирано во нивната земја.

Отидовме во џунглата со криумчар во Грција, бевме 40 луѓе. Криумчарот дојде и не однесе во подрум во Солун… За да стигнеме до таму, не ставија во задниот дел на една многу малечка кола, бевме 5 лица внатре, 3 жени и две деца, притиснати, не можевме да ги движиме рацете , ниту да дишиме… Колата возеше многу брзо, беше многу лошо… По една недела, се’ уште чувствував болка.

Во подрумот останавме 11 часа, се истуширавме, си ја исчистивме облеката, јадевме и потоа ни купија билети. Во 3 часот наутро, отидовме на железничката станица во Солун и потоа во Атина, каде останав 3 месеци чекајќи лажен пасош. Но, ме фати полиција и ме однесе во затвор. Немаше можност да се продолжи со патувањето. Така отидов на еден остров. Повторно беше невозможно да се продолжи со патувањето, дури и по неколку обиди. Еднаш не фатија во камион и не претепаа многу лошо. Лицето ми беше многу крваво. Не се осмелував да излегувам во текот на денот, бидејќи лицето ми изгледаше навистина лошо и сите така знаеја дека ме фатила и ме претепала полицијата. Затоа некое време, се осмелував да одам до продавница само навечер. Потоа, се вратив пак во Атина и се обидов да одам преку Албанија.

Бевме 6 луѓе со двајца криумчари. Не ставија во нешто како куќа без прозори, без ништо, не заклучија таму. Ни кажаа да чекаме додека не се стемни за да влеземе во Албанија. Кога се стемни, тројца мажи дојдоа во собата и ни побараа пари. Едно момче, кое беше со нас, немаше пари и му рекоа: ,,Ако немаш пари, ќе ни го дадеш твојот бубрег”. Мислеа дека момчето лаже. Се плашеа дека тоа ја има викнато полицијата. Го однесоа некаде, во друга соба. Кога момчето се врати, беше преплашено. Ни рече дека го однеле во некоја соба и го ставиле на маса на која имало нож, ножици и маска, и дека имало крв насекаде. Потоа, момчето ни кажа дека слушнало полициски сирени и сите избегаа. Па за среќа, не ги земаа органите на никој, момчето беше недопрено. Почнавме да трчаме, не знаевме каде одиме, само трчавме и трчавме. Сретнавме грчки командир и полицајци, беа многу пријателски настроени искрено, ни дадоа храна и вода и се вративме во Солун, во Грција.

Следеше уште еден обид, преку Бугарија. Овој пат бевме 4 машки и едно семејство со 18-годишна ќерка, значи 7,8 луѓе севкупно. Не однесоа во шума со кола. Не ги знаевме местата. Кога и да го прашав криумчарот: ,,Каде сме?”, ми одговараа: ,,Ве молам не зборувајте, не зборувајте, пссст…” Потоа ни рекоа само да одиме пеш. Не оставија во шумата, беше многу студено, речиси почнуваше да врне. Не фати бугарската полиција. Не прашаа: ,,Зошто дојдовте во нашата земја? Оваа земја е за нас, не за вас; вие си имате ваша земја.” Молчевме. Ни удрија шлаканица и не клоцаа силно. Ни побараа пари, но не им дадовме, бидејќи имавме пари само за патот. Земаа дрвен стап и ни се заканија. Па им ги дадовме сите пари коишто ги имавме. Побараа пари од семејството коешто беше со нас. `И рекоа на жената: ,,Имаш пари во панталоните. Соблечи ги панталоните и долната облека”. Таму најдоа неколку евра. Тогаш командирот се разлути многу. ,,Ви реков да не лажете, ќе го повредам вашето семејство.” Нјезиниот сопруг им се развика на курдски, им рече да не се однесуваат така. Му удрија шлаканица и го клоцнаа. Девојчето (нивната ќерка) плачеше. Ја соблекоа целосно и неа, но не најдоа никакви пари кај неа. ,,Ако имаш уште нешто, дај ни го. Инаку ќе ја силувам твојата жена и твојата ќерка.” Ги однесоа околу 40 метри настрана, не многу далеку. Двете жени викаа силно и знаевме дека ги силуваат. Кога се вратија, не престануваа да плачат. Потоа не вратија во Атина и семејството воопшто не излегуваше, само побараа од Атина да бидат депортирани дома. Никогаш нема да го заборавам тоа. Лошото искуство ќе ги прогонува овие жени. Бидејќи во мојата култура во Курдистан, доколку некоја жена е силувана, никој нема да се ожени со неа.

Па така, повторно се најдов во Атина. Сакав да се вратам назад во мојата земја, затоа што доволно видов и доволно страдав. Брат ми се јави и ми рече: ,,Те молам брате, продолжи, продолжи, не те силуваа тебе, не те допреа тебе, ништо не ти направија на тебе. Ти си маж, ништо не можат да ти направат.”

Останав во Атина еден месец и потоа отидов во Солун. Отидовме во хотел со 6 други луѓе во близина на границата, успеавме да ја преминеме грчко-македонската граница и одевме низ планините. Не ставија во куќа каде што ни побараа пари. Потоа не однесоа во Прешево и таму не оставија во шумата. По 300 метри, ја видовме српската полиција и побаравме помош од нив, беа пријатни, но ни побараа официјални документи. Немавме официјални документи, па не вратија на српско-македонската граница. Веќе седум вечери сум овде во кампот во Табановце, фала Богу, добро сум сега… Искрено, Македонците се најпрекрасните луѓе што ги имам запознаено во мојот живот…

Во текот на моето патување, најпозитивното нешто беше трпението. Трпеливо да издржиш, додека си без храна или вода на отворено, во студените места во ноќта… Тоа е „најдоброто“ искуство, бидејќи каде и да одам, можам да преживеам, можам да одам, можам да трчам, можам да се сокријам, да избегам… Можам сè да направам. Сега сум силна личност. Не ми е гајле за времето. Бидејќи и на македонско-српската граница, останавме накиснати на снегот, беше минус осум степени целзиусови и издржав….

Навистина ми недостига моето семејство, особено мајка ми. Пред да заминам, таа ми рече: ,,Сине, не ми требаат твоите пари, само те молам биди безбеден и те молам врати се пред да умрам.” Затоа се надевам дека еден ден, кога ќе се вратам во мојата земја, мајка ми се’ уште ќе биде жива, нема да биде умрена. Таа има 58 години. Татко ми беше убиен од режимот на Садам во 1991. Секако, ми недостигаат многу работи, брат ми, пријателите, мојот град…

Но, избегав за да си го спасам животот, затоа заминав. Многу страдав при патувањето, не за да заработам пари, туку бидејќи избегав за да си го спасам животот. Само сакам да имам нормален живот, како другите луѓе.


Приказните се собирани од активисти на Легис и се поддржани од GIZ во име на BMZ.

Ставовите изразени во оваа колумна не нужно се совпаѓаат со ставовите на Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammmenarbeit (GIZ) GMBH.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: бегалциживотКурдистан
Share38Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ