• Latest
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Дојдов да тагувам

June 4, 2018

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Дојдов да тагувам

June 4, 2018 18:09
in СЛОБОДНА ЗОНА
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Share on FacebookShare on Twitter

Кога ме прашуваа луѓе зошто овој пат сум во Македонија и кој е мојот проект во земјата, некако бев недоволно јасна. Почнав да доагам тука во октомври 2003 година, откако се фасцинирав од необјаснивата способност на оваа земја да избегнува влегување во целосна војна, толку многу пати, кога се се соочи со безброј закани по нејзината стабилност, а нејзините соседи западнаа во граѓанска војна.

Пишував за Охридскиот договор – неговата имплементација и многуте несовршености. Го запознав Џабир и останатиот дел од тимот на ЦИВИЛ, кои се чинеше беа решени да залепат постери со знаци и слогани против оружјето низ македонските градови за поддршка на разоружувањето, што мене ми беше многу инспиративно за читање и што секако испадна да биде исто толку несовршено како и сé друго што се случуваше на терен. Постојано се враќав во Македонија, пишувајќи ја мојата дипломска теза, а потоа и графичка роман. Многу подоцна, во моите постдипломски студии, повторно се задлабочив во историјата на македонскиот национализам, подемот на ВМРО во пост-охридскиот контекст и неговите импликации во делот на правата на малцинствата. Долго време, договорот што си го направив со себе си беше дека нема да дозволам да помине година без да дојдам во Скопје. Тоа ветување си го одржав пет години.

Скоро една деценија е помината откако последен пат бев тука, иако ќе спомнам дека не поминал ден, а да не помислам на ова место и на пријателите тука. На крај еден пријател кој беше на умирање ме поттикна да тргнам сé на страна и да се качам на авион. Шуки не беше многу близок пријател, но беше дел од групата и некој за којшто секогаш мислев дека ќе го видам повторно на моето “следно патување“. Тој беше прекрасен, нежен уметник кој ги кажуваше најдобрите југословенски вицови и толку многу ме засмејуваше. (Сé уште можам да го слушнам како го раскажува вицот за босанецој што го испратиле на вселенска мисија со две прасиња. Можеби го знаете вицот.) Неговото умирање ме натера да помислам, “Боже, што ако некој друг почине и не го видам? Што ако јас починам и не ја видам повторно Македонија?“. Сето тоа е многу морбидно.

Сега кога сум тука, срцето секој ден ми се кине затоа што ќе морам повторно да кажам збогум, но уште повеќе ми се кине за сé она што има поминато оваа земја во изминатата деценија, приказна напишана во многу испрекинати животи и извадени од колосек, толку многу луѓе исполнети со страв и во брутален третман што самиот пејсаж на Скопје беше принуден да претрпи.

Се шетам низ Скопје не можејќи сега да си го најдам патот, не поради тоа што старите знаменитости не се повеќе тука, туку поради тоа што се закопани позади споменици и згради издигнати во еден погрешен и целосно непочитувачки обид од страна на режимот на ВМРО да протне бизарна и иритирачка верзија на македонска националност и историја низ грлото на земјата.

Ги поминав своите постдипломски години (и многу години пред тоа и оттогаш) пишувајќи за тој режим, читајќи извештаи за човекови права и новински извештаи, па дури приклучувајќи се на ЦИВИЛ од странство, додека работеа неуморно за каузата на човековата слобода во Македонија, што на крајот неизбежно значеше борба против овој режим (иако нивната борба не завршува тука). Сепак, ништо не можеше да ме подготви за глетката што ме чекаше кога стапнав во Скопје, дури ни повеќето предупредувања дека ќе наидам на “сосема различен град“

Имав потешкотии да го срочам тоа во зборови, она што го видов. Едноставно бев стаписана. Можеби најдобриот начин да се опише е да се каже дека градот е задавен.

Старата убавина сé уште е таму, старите социјалистички структури во кои се заљубив, за кои некои се шегуваа дека беа премногу истакнати, или премногу големи за модерна употреба, сé уште се таму. Знаменитостите што секој скопјанец ги знае – Калето, Камениот мост – сé уште се таму. Само што се блокирани и затскриени од згради и споменици кои личат како да припаѓаат во Лас Вегас или Дизниленд. Во близина на центарот, се чини дека ниту една зграда не успеала да избегне некое чипкано украсување. Таму каде порано седев покрај реката во кафуле, гледајќи во толкав небесен простор и планини и како зградата на македонската опера е издагната нагоре, како најстудената санта мраз (или барем јас така мислев), сега не можам воопшто да поднесам да седам таму. Речиси едвај можам да ја видам зградата на македонската опера .

Сега, мислам дека кога луѓето ќе ме прашаат зошто дојдов во Скопје, дека ќе бидам поискрена.

Секогаш сум имала тенденција, како типичен американец, да имам став “може да се направи“, да сакам да се фокусирам на можностите на иднината и на сите промени кои сигурно ќе дојдат доколку самите се организираме правилно и лобираме за новиот режим со најголема ефикасност. Ќе има време за такво изобилство…но за сега, ќе кажам само дека дојдов да тагувам и плачам. Дојдов за да навистина ги почувствувам големите загуби на ова време. Тука има лекција за тоа што е најдрагоцено, што е најранливо и за што вреди да се бори.

Хедер Роберсон

Share59TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ