• Latest

Деспотовски: Работиме на зголемување на вработеноста кај младите

June 6, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Деспотовски: Работиме на зголемување на вработеноста кај младите

June 6, 2018 14:09
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Можностите за отворање нови работни места за млади, нивно самовработување преку отворање бизнис со поддршка и помош на државата, натамошен развој на социјалното претприемништво и препораки за зголемување на средствата за поддршка, беа теми на денешната конференција „Влијание на иновациите намалување на младинска невработеност“ што во организација на Младинскиот културен центар од Битола се одржа во Скопје.  

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски истакна дека државата прави напори да се зголеми вработеноста, особено кај младите преку отворање нови работни места, кои како што рече, треба да бидат високо платени.

– Минатата недела објавивме повик за бизнис акцелератор за млади Веќе сме во подготовка на нова мерка понуда за млади, кои или завршуваат факултет или се диопломирани, а имаат желба да се вработат и отворат свој бизнис. Ќе отвориме шалтер на кој ќе можат да се пријават и да добијат менторирање, грантови да отворат форма и да добијат поддршка за апликации со кои ќе го развијат бизнисот и да добијат средства од фондот, рече Деспотовски.

Рече дека важен сегмент во отворањето нови бизниси е и социјалното претприемништво, кое освен вработување може да овозможи и решавање одредени социјални проблеми.

– Сакаме да ги поттикнеме младите преку развивање компани кои ќе им генерираат приход да креираат таков тип продукти и услуги кои ќе помагаат односно имаат социјална компонента, рече Деспотовски, апелирајќи младите да ги искористат шансите и поддршката што им се нудат.

Златко Талевски од МКЦ Битола рече дека сите заедно мора да најдат решенија како да се подобри системот за поддршка на млади со цел да се намали младинската невработеност што, како што посочи, е голем проблем изминатите години.

– Наши главни препораки се зголемување на фондовите за поддршка на мали бизниси и социјални претприемачки идеи кои ќе значат не само отворање работни места, туку решавање социјални проблеми, рече Талевски.

Додаде дека е потребна и поддршка на оддржливоста на граѓанските организации, бидејќи во граѓанскиот сектор постои голем потенцијал за отворање нови работни места претежно наменети за млади.

(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: вработувањаЈован ДеспотовскиМКЦ БитоламладиФонд за иновации и технолошки развој
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result